
Под добриот изглед, ова инзвонредно теренско возило содржи спектар на интелегентни карактеристики за контрола на шасијата за да одговори на вашите потреби, без оглед на тоа колку се тешки условите. Богатството на технологии за возење ви ја дава на дофат супериорната команда.
Дознајте повеќе за технологијата на погон на сите возила на Opel Antara и нејзиниот широк спектар на карактеристики за активна и пасивна контрола.

Opel Antara може да биде опремена со електронски контролиран погонски систем за сите тркала. Во нормални услови на возење погонот се пренесува кон предните тркала. Меѓутоа, во тешки или лизгави услови, автоматски ќе се вклучи погонот на сите тркала, распределувајќи ја силата во однос 50:50 напред и назад, за оптимално влечење.
Погон на предните тркала е достапен за 2.4 бензински и 2.2 CDTI дизел мотори од 120 kW (163 hp).

Opel Antara е опремена со Систем за контрола на намалување на брзината во стандардна опрема. Со активирање на СКНБ се одржува постојано намалување на брзината што претходно се одбира преку притискање на педалата за гас.

Opel Antara користи мошне напредни електронски системи за поддршка на возачот за да се зголеми активната безбедност. Покрај нормалното функционирање ABS исто така Ви нуди:
Контрола на сопирање во свиoци (СВС), што ја подобрува стабилноста при сопирање во кривини со намалување на притисокот врз внатрешните тркала.
Хидраулична помош за сопирање (HBA), која автоматски го зголемува притисокот на сопирањето кога возачот силно ќе го нагазне педалот за сопирачките, прогресивно зголемувајќи го притисокот до максимум, со што драматично се намалува растојанието за сопирање.
Електронската програма за стабилност (ESP®) вградена во Opel Antara ги вклучува стандардната Контрола на пролизгувањето (TC), Системот за контрола на спуштање (DCS), Програмата за стабилност на приколката (TSP) и Помошта при поаѓање на угорници (HSA) која го олеснува поаѓањето и го спречува тркалањето назад на стрмнини.
Совршената интеракција на тие системи со интелегентниот погон на сите тркала (AWD) не само што обезбедува висок степен на задоволство и комфор при возење, туку и голема резерва на активна безбедност.
Контрола на сопирање во свиoци (СВС), што ја подобрува стабилноста при сопирање во кривини со намалување на притисокот врз внатрешните тркала.
Овие карактеристики и куката за приколка на монтирање ја прават Opel Antara вистинскиот избор за прикачување приколка.

Со SAFETEC® вие сте заштитени од сите страни. системот е базиран на интеракција на сите карактеристики на возилото за пасивна и активна безбедност, при што главниот елемент е делот за патниците које е екстремно важен.
Оваа комбинација ви овозможува, во случај да за жал бидете дел од сообраќајна несреќа, механичките деформации да се минимизираат и да се сочува најголем можен простор за преживување.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
