
Многу напредни стандардни и дополнителни карактеристики ја вбројуваат Astra помеѓу првите во својата класа кога се работи за грижа за возачот и патниците.

Електронската контрола на клима (ECC)е целосно автоматска и индивидуално приспособлива и содржи сензор за регулација кој овозможува постојана контрола на температура под сите услови. ЕСС исто така содржи и воздушни филтери за подобрување на квалитетот на воздухот.

Електронски контролиран помошен систем за загревање кој брзо го загрева патничкиот простор независно од температурата на моторот. Брзото загревање исто така ги одмрзнува прозорците.

Систем без клуч за препознавање на возачот и автоматски заклучување и отклучување на возилото е достапен за Opel Astra. Ова го зголемува комфорот во секојдневната употреба и нуди квалитетна заштита против кражби.

Автоматската контрола за осветлување (ALC) му помага на возачот во услови кога се менува светлината. Ова важи кога има промена на светлината на амбиентот односно осветлувањето на патот пред возилото, т.е. овозможува да се направи разлика помеѓу тунел и подвозник.

Автоматски се активира во рикверц, системот за помош при паркирање произведува звучно предупредување и за ниски објекти кои се наоѓаат надвор од видното поле на возачот.

Opel Astra има практични џебови и прегради на дофат на возачот и патниците. Има џебови на задниот дел на седиштата, предни и задни џебови на врата, голема кутија со преграда, тунел конзола со држач за чаши и централно преден потпирач за раце со преграда.

Со капацитет за товар од 380 l the Opel Astra го има најпросторниот оддел за багаж во својата класа. Капацитетот е секако повеќе од доволен за еден викенд одмор и секако ќе ги покрие сите работни или рекреативни потреби од багажен простор. Односот 60:40 на просторот на задното седиште овозможува зголемување на товарот до 1,295 l. Дополнително достапен е 40:20:40 поделен заден седишен дел со погодност за товар на предмети со поголема должина.

Независно дали добивате информација за сообраќајот, користите навигациски водич, бирате омилена радио станица или музика на iPod, вградениот систем за инфозабава на Opel Astra е прекрасно дизајниран за употреба и гледање.Имате избор помеѓу стерео CD радио со или без MP3 плејбек и aux-in и најнов навигациски систем кој поседува 6.5“ екран во боја и DVD-ROM во кој е сместен навигацискиот софтвер и софтверот за мапи за повеќе од 30 Европски земји како и дигитален водич за патување.
За да го поврзете мобилниот телефон можете да одберете помеѓу безжично Bluetooth™ решение и вграден систем со портал за телефон кој има полнач за батерија. Сите важни функции на телефонот може да се регулираат преку управувачот, контролната табла или со Гласовна контрола.

Панорамскиот сончев покрив на Opel Astra panorama со својата широка затемнета стаклена површина му дава друга димензија на возењето и свеж воздух со само едно допирање на копче.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
