
Еве само неколку истакнати примери од огромниот спектар на достапни додатоци за Opel Astra со 5 врати.
OPC Line Styling производите и додатоците и даваат динамична инвентивност, индивидуалност и возбуда на Вашата Astra. Возбудливите производи се достапни како фабрички монтирани пакети на опционална опрема, или како додатоци кои ќе ги монтира Вашиот Opel дилер.
За целиот асортиман, видете во онлајн каталогот за додатоци за Opel Astra или прашајте го Вашиот локален Opel дилер.

Се состои од две шипки, аеродинамично дизајнирани и развиени од Opel. Создадени за лесно прикачување на сите кровни кутии и други носечки системи. Се осигуруваат со затворачи.

Паметно и безбедно решение дизајнирано од Opel. Носи најмногу два велосипеда, но можна е и опција за трет велосипед. Лесен за инсталирање и ракување: склопливата функција ви овозможува подобар пристап до багажниот простор дури и кога велосипедите се прикачени. Се вметнува во багажниот простор кога не го користите. Се клучи. Може да се користи со приколка или влечна електроника.

Изберете помеѓу фиксирани и подвижни зацврстувачи за приколки кои се отстрануваат од задниот браник. Информирајте се кај вашиот дилер за максималната количина на товар. Изработени од високо квалитетен челик. Влечната електроника се порачува одделно.

Згодно вградено hands-free решение со Гласовна контрола за препознавање на говорителот, автоматска синхронизација на именикот и функција за трансфер на текст во говор, која ги чита на глас SMS пораките. Ги користи звучниците на автомобилот. Радиото се пригушува автоматски кога вршите телефонски повик.

USB конекцијата ги подржува MP3 плеерите и верзијата smart телефони. Лесно го поврзува и контролира вашиот пренослив плеер со вграденото радио.

Ги држи стабилни лесните работи и го прави багажниот простор попрактичен за време на возењето. Еластична мрежа, лесна за употреба.

Фолија која го штити задниот браник од мали гребнатини за време на товар и истовар. Може да се отстрани без да остави трага.

Комплетен сет од четири високо квалитетни стапки за дополнителен комфор. Опција во црно со логото на Opel Astra од страната на возачот. Лесни за поставување со стандардниот систем за прикачување на Opel.

Подгответе се за неочекуваното со нашите безбедносни производи, како што се триаголници за предупредување, безбедносни елеци и опрема за прва помош. Овие производи се задолжителни според законот и може да се купат одделно или во комплет.

Кроена по мерка за багажниот простор. Со висок, стабилен раб за заштита од валканоста и влагата. Со премаз против лизгањето.

Додајте елегантни украсни рабови и декоративен изглед, додека помагате да го заштите Вашиот Opel Astra Hatchback со овие цели комплети на четири странични украсни лајсни.

Паметното решение за поврзување на Вашите преносливи уреди за навигација или паметен телефон (на пр. iPhone®) со Вашето возило. Овозможува јавување без употреба на рацете, и ги чува Вашите уреди безбедни, сигурни и на дофат.

Дизајн со 7 краци со доработка со титаниум сјај. Димензии: 7J x 17 офсет 44. Шаблон на завртките: 5 x 115. Одговара на гуми со големината 225/50 R 17 94V. Средишните капачиња и навртките на тркалото за заклучување треба да се нарачаат посебно. Ограничување: достапно е само за бензински 1.6 л turbo, дизел 1.7 и 2.0 л.

Дизајн со повеќе краци со доработка со титаниум сјај. Димензии: 8J x 19 офсет 46. Шаблон на завртките: 5 x 105. Одговара на гуми со големината 235/40 R 19 92W. Средишните капачиња и навртките на тркалото за заклучување треба да се нарачаат посебно. Ограничување: достапно е само за бензински 1.4 л turbo и 1.6 л (само во комбинација со спортска шасија).

Суптилни но значајни, OPC Line подобрувањата додаваат извесен степен на дискретен атлетизам. Сите од елементите се наменски дизајнирани и развиени според исти строги стандарди како Вашата Opel Astra.
Сликата може да прикажува додатна опрема.

