
Еве само неколку истакнати примери од огромниот спектар на достапни додатоци за Opel Insignia.
OPC Line Styling производите и додатоците и даваат динамична инвентивност, индивидуалност и возбуда на Вашата Opel Insignia. Возбудливите производи се достапни како фабрички монтирани пакети на опционална опрема, или како додатоци кои ќе ги монтира Вашиот Opel дилер.
За целиот асортиман, видете во онлајн каталогот за додатоци за Opel Insignia или прашајте го Вашиот локален Opel дилер.

Товарниот носач на покривот од Opel е изработен од цврсти, аеродинамични, овални алуминиумски цевки. Прицврстувачите се заклучуваат заради поголема сигурност.

Имате избор од 8 кутии. Големините се движат од 1,100 x 800 x 400 mm до 2,180 x 940 x 400 mm. За инсталација е потребен товарен носач на покривот.

На црно или темно кафено, со “Insignia” лого. Сетот од 4 подни стапки изработени од велур се прицврстуваат на подните точки во автомобилот, заштитувајќи ја ватрешноста на вашата Opel Insignia од нечистотија и и даваат екстра стил на внатрешноста.

Лесно, лизгачко повлекување за полесно прикачување. Безбедно носи до 4 пара нормални скии или 1 даска за скијање и 1 пар скии. Се клучи и е лесно достапен со помош на големо копче за пристискање.

Паметно и безбедно решение за најмногу два велосипеда, додатна опција за трет велосипед е исто така возможно. Лесна по тежнина и за инсталација со само една функција за лесен пристап до задниот дел на автомобилот. Се пренесува во багажниот простор.

Може да се користи со речиси сите мобилни телефони опремени со Bluetooth™. Автоматско пригушување на радиото и го пренасочува сигналот до звучниците на автомобилот, со посебен контролна табла за примање и одбивање на повиците.

Високо квалитетниот материјал пружа сенка за патниците од задниот ред на возилото, блокирајќи повеќе од 70% од сончевите зраци. Скроено по мерка на задните странични прозорци и задниот прозор. Прозорците може да се отвараат заедно со завесите. Лесни за инсталација.

Дизајн со 5 двојни краци со антрацитна бојадисана и полирана глазура. Димензии: 8J x 18 офсет 42. Одговара на гуми со големина од 245/45 R 18 96Y. Средишното капаче и навртките на тркалото за заклучување треба да се нарачаат посебно.

Импресивна декларација на спортскиот дух. Дизајн со 5 краци со полирана црна боја. За гуми 245/40 R 19.

Дизајн со 5 двојни краци во manoogian боја. Димензии: 8.5J x 20 офсет 45, со 5 завртки. Одговара на гуми со големина од 245/35 R20 95Y. Средишното капаче и навртките на тркалото за заклучување треба да се нарачаат посебно.

USB конекцијата поддржува mp3-плеери, на пр. iPod, iPhone и многу други. Го приклучува и контролира Вашиот пренослив плеер лесно со вграденото радио во автомобилот.

Индивидуална како и вие самите. Соодветните модерни делови за вашата Opel Insignia се достапни како фабрички вградени пакети или aкако додатои кои ќе ги вгради вашиот Opel дилер.
Сликата може да прикажува додатна опрема.

