
Еве само неколку од најзначајните примери од огромниот број достапни додатоци за новата Opel Meriva за дополнително зголемување на функционалноста.
Погледнете го електронскиот каталог на сите додатоци за новата Opel Meriva или обратете се кај вашиот Opel дилер.

Лесно се прикачува на куката за влечење, овој носач безбедно пренесува два велосипеди, со можност за продолжување за да сместите трет велосипед.

Opel нуди неколку видови седишта за деца за сите возрасти. За полесно монтираање и безбедност, седиштата може да се опремени со ISOFIX елементи за прикачување (вклуч. Top Tether Пакет) и/или стандарден безбедносен ремен со три точки на прицврстување. Сите седишта се во согласност со стандардите за безбедност на ЕУ вклучувајќи и заштита од страничен удар.

Специјално дизајнирана за вашата Opel Meriva, подлогата за товар ја штити внатрешноста од нечистотија и навлажнување.

Високо квалитетната кука за влечење со кружен врв лесно се прикачува или отстранува. Достапна е и фиксна кука, и двете може да се нарачаат со или без појас за електрично поврзување.

Држачите се вклопуваат во фабричките фазни табли за мобилен телефон и се достапни за неколку модели, вклучувајќи телефони од Blackberry и Apple.

Придонесува во зачувувањето на добриот изглед на вашата Opel Meriva преку употребата на проѕитен филм за задниот браник. Штити од помали гребаници за време на внесување или изнесување багаж и може да се отстранат без трага.

Се активира на глас, што автоматски го смалува радиото и се користат звучниците од радиото во автомобилот за поголема чистина на звукот. За дополнителна удобност, има и своја табла за контрола и одговарање на повици.

Сензорите даваат звучно предупредување за потенцијална опасност припаркирање. Уредот за помош при паркирање автоматски се активира со селектирање на возење наназад.

Додадете дополнителен стил и дополнителна заштита на вашата нова Opel Meriva со овој целосен пакет на странична заштита на каросерија.
Достапно за основните и одредени бои на каросерија.
Opel создаде голем број на наменски дизајнирани спортски додатоци за вашата Opel Meriva.
Сликата може да прикажува додатна опрема.

