
Opel Meriva не само што ја отвора широка влезната врата на најпријателски начин, туку со својот иновативен дизајн на екстериерот и ентериерот исто така гарантира широко отворени очи.

Решителната и самоуверената форма навистина ја истакнува Meriva. Го продолжува дизајнерскиот јазик на Opel со наслов „Скулпторската уметност се спојува со германската прецизност.“ Ставата е широка и стабилна, и се придржува кон истите цели за квалитет кои ги обележаа моделите Opel Insignia и Opel Astra.
Долгата линија на кровот комбинирана со мотивот на Opel за страничната каросерија во вид на острица и додава свеж и помоден стил. Иконичното брановито формирање на линијата на долниот профил од бочниот прозорец е повеќе од само стилско; им го обрнува вниманието на задните патници на одличната надворешна видливост.
Исто така како што претставува одраз на висока прецизност и квалитет, дизајнот совршено пренесува чувство на добро дефиниран индивидуален идентитет.

Внатре, во кабината, амбиентот е пријатен толку многу колку што се отвораат вратите. Стилот на внатрешноста хармонично го следи целиот контрлен дел, од таблата со унструменти до вратите. Со благиот наклон на централната линија и тенките А-столбови се добива чувство на голем простор.
Широки, удобни седишта, амбиентално светло и употреба на материјали со текстура, заедно со високите стандарди за финална обработка и квалитетно чувство од контролите создаваат импресивен и долготраен впечаток.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
