
Тука има само неколку истакнати примери од огромниот избор на достапни дополнителни опреми за новиот Opel Astra Sports Tourer.
OPC и дополнителните опреми и даваат динамична елегантност, индивидуалност и возбуда на Вшата Opel Astra. Тие се достапни како фабрички наместени опционални пакети или како додатоци монтирани од Вашиот Opel дилер.
За целиот асортиман, видете во онлајн каталогот за дополнителни опреми за Opel Astra или прашајте го Вашиот локален Opel дилер.

Се состои од две шипки на покривот кои се аеродинамично дизајнирани и развиени од Opel. Подготвен е за лесно закачување на секакви кутии за на покрив и други системи за транспортирање. Прицврстен е со капачиња со можност за заклучување.

Паметно и безбедно решение измислено од Opel. Превозува до два велосипеди, со опционално продолжување за трет велосипед на располагање. Лесно се инсталира и лесно се ракува со него: функцијата за преклопување овозможува подобар пристап до преградата за багаж дури и при закачени велосипеди. Влегува во преградата за багаж ако не е потребен. Може да се заклучи. За употреба со влечната кука и електрониката за влечење.

Одберете помеѓу фиксирана влечна кука и влечна кука која лесно се вади со којашто не е потребен видлив засек во задниот браник. Прашајте го Вашиот дилер за максималните капацитети за товарење. Направена е од висококвалитетен челик. Електрониката за влечење треба да се нарача посебно.

Практично вградено решение без употреба на , со Гласовна контрола која е независна од говорникот, автоматска синхронизација на телефонскиот именик и функција „од текст во зборување“ која чита SMS пораки на глас. Ги користи звучниците во автомобилот. Радиото се стишува автоматски кога се јавувате.

USB конекција која поддржува MP3 плеери и паметни телефони. Го приклучува и контролира Вашиот пренослив плеер лесно со вграденото радио во автомобилот.

Паметното решение за поврзување на Вашите преносливи уреди за навигација или паметен телефон (на пр. iPhone®) со Вашето возило. Овозможува јавување без употреба на рацете и ги чува Вашите уреди безбедни како и лесни на дофат.

Долга верзија за фиксирање на адаптери, куки и други FlexOrganizer® делови.

Ги задржува полесните предмети на место и ја прави преградата за багаж попрактична за време на возењето. Еластична мрежа со ситни дупки која лесно се употребува.

Идеална заштита против валканоста. Стабилна и може да се пере. Направена од ПВЦ материјал. Точно прилагодена за целиот простор за товарење. Со рабови од околу 20 см во висина. Може да се чува во торба по употребата за да се заштеди место. Лесно се закачува со употреба на велкро лентите.

Провидна фолија која го заштитува Вашиот заден браник за време на товарење или растоварање од помали гребнатинки, пукнатинки од камења, итн. Може да се извади без да остави трага.

Додајте стилски нагласок и совршен изглед додека помагате да се заштитува Вашиот Opel Astra Sports Tourer со овие четири цели комплети на украсни облоги за страната на каросеријата.

Дизајн со 7 краци со титаниум сјај.
Димензии: 7J x 17 офсет 44. Шаблон на завртките: 5 x 115. Одговара на гуми со големина 225/50 R 17 94V. Средишните капачиња и навртките за заклучување треба да се нарачаат одделно. Ограничување: достапни се само за бензински 1.6 l turbo, дизел 1.7 и 2.0 l.

Дизајн со повеќе краци со титаниум сјај.
Димензии: 8J x 19 офсет 46. Шаблон на завртките: 5 x 105. Одговара на гуми со големина 235/40 R 19 92W. Средишните капачиња и навртките за заклучување треба да се нарачаат одделно. Ограничување: достапни се само за бензински 1.4 l turbo и 1.6 l (само во комбинација со спортска шасија).

Цел комплет на четири висококвалитетни тепихчиња за дополнителна удобност. Достапни се во црна боја со Opel Astra логото на возачката страна. Лесно се инсталира со стандардниот Opel систем за закачување.

Подготвувајте се за неочекуваното со нашите безбедносни производи, како на пример предупредувачкиот триаголник, флуоресцентното елече и приборот за прва помош. Тие прои зводи се пропишани со закон во повеќето европски земји и можат да се купат или посебно или како комплет.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
