
Сета оригиналност и динамична елеганција кои ја карактеризираат Opel Astra се пренесени на новиот Opel Astra Sports Tourer – без да му штетат на просторот за товарење и со голем број дополнителни предности во практичноста, функционалноста и иновацијата, кои го олеснуваат секојдневниот живот.
Ефектот на тенките, остри предни светла во облик на орлово око, ниско и широко монтираните трепкачи, во комбинација со широката, ниска решетка на радијаторот, оставаат непосреден впечаток. Линиите кои беспрекорно го влеваат профилот на крилото во А-столбовите даваат експресивен израз на стручноста инвестирана во креирањето динамична спортска аеродинамика. Целината е драматично нагласена со светлата за дневно возење во „крилест“ стил.

Долгиот, елегантен, страничен профил динамично го истакнува називот Sports Tourer. Продолжената, налик купе линијата на покривот совршено се соединува со задниот спојлер, додека Ц- столбот изгледа како лесно да се влева во нежно свитканата средна линија. Ова е уште понагласено со ефектот на прозорците со извонредни односи и страничната пластична облога во „острица“ стил под средната линија. Вкупниот ефект е спортски, модерен, елегантно јасен и чисто аеродинамичен, без да наштети на практичноста или внатрешниот простор.

Широката спортска става е веднаш забележлива од задниот дел. Се надоврзуваат извајаната структура на задната врата и широкото панорамско задно стакло под карактеристичниот спојлер на покривот. Групите на задни светла графички ја продолжуваат динамичната средна линија кон формата на задниот дел. Тие се уште поистакнати со задното осветлување во „крилест“ стил. Заштитниот знак на Opel дизајнот со изедначена плитка V-структура е исто така присутен, нагласувајќи го централното позиционирање на задното лого на Opel и вдлабнатинката на регистарската табличка. Испакнатоста на задниот браник, оптимизиран и за аеродинамиката и за ефикасноста при товарењето, ја заокружува спортската практичност.
Велелепните линии и широката табла со инструменти се во склад да создадат пријатно чувство на пространоста. Висококвалитетните материјали на новиот Opel Astra Sports Tourer се усогласени со одличниот стандард на мајсторство. Главните површини се изработени од мек материјал со висококвалитетен состав.
Хромните украси и додаваат техничка, модерна нијанса на возачката кабина. Тематиката на „острица“ се сретнува и тука – во деталите, како на пример отворите за проветрување, кваките на вратите и воланот.
Големо внимание е посветено на деталите во новиот Opel Astra Sports Tourer – како на пример на дизајнот и практичната сместеност на контролните елементи, како контролата за повеќе функции или копчињата на централната конзола. Резултат: префинета, возачки ориентирана кабина со одлична ергономија.
Read more about:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
