
Овие се само неколку примери од големиор избор на додатоци за Opel Vivaro кои ви се достапни за да го индивидуализирате вашето патничко комбе.
Списокот на сите додатоци може да го погледнете во електронскиот каталог за додатоци за Opel Vivaro или обратете се кај вашиот локален Opel дилер.

Порталот за мобилен телефон кај Opel Vivaro вклучува hand-free технологија - за да останете поврзани каде и да сте.

Заштитни и стилски Opel патосници кои лесно се вклопуваат, достапни во издржлива практична гума и двојно порабен теписон.

Црни штитници од кал кои нудат голема заштита од кал и камчиња - помагаат да го зачувате вашето Opel Vivaro да излгеда исто толку добро како и денот кога сте го купиле.

Оваа закачалка за облека монтирана на седиштето ви овозможува да го закачите вашето палто или капут на место на кое нема да ви пречи и нема да се изгужва.

Одберете навлаки за седишта од големиот избор издржливи, водоотпорни и атрактивни навлаки, направени за вашето Opel Vivaro.

Создаден да го издржи товарот на вистинскиот работен животен стил, овој силен и сигурен базен носач за покрив кој е решение за долги предмети или предмети со голем обем, без разлика дали се работи за спортска опрема или големи патни торби. (Приказ на Opel Vivaro панел комбе.)

Лагерите на носачот за на покрив не само што го прават товарењето побрзо, туку и го минимизираат напорот што треба да го вложите, истовремено овозможувајќи ви да го наместите товарот прецизно онаму каде што сакате.

Изборот на куки за влечење овозможува спојување на кружната кука која може да се извади и на запчеста кука со зглоб со ивиците на влечната шипка.

Без оглед дали товарате багаж или спортска опрема, сместувањето на товарот на покрив може да биде и пријатно и безбедно. Цврстата челична скала во облик на цевка поставена на задниот дел е достапна и за верзија со врати со хоризонтално отворање или задна врата со вертикално отворање.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
