
Просторен, практичен и со многу корисен простор за чување предмети, Opel Vivaro нуди комплетно ново искуство во возењето за дури 9 патници.
Без оглед дали ги земате роднините од аеродром или го носите семејството на одмор, Opel Vivaro ви овозможува прилагодување на флексибилната внатрешност за да ги задоволи вашите потреби.

Удобна и практична, кабината на Opel Vivaro е одличен простор за возење. Opel Vivaro Combi нуди место за 9 патници, вклучувајќи го и возачот, додека пак Tour нуди место за 8 патници. И двете опции нудат повеќе од доволен простор за багажот на патниците.
Влегувањето и излегувањето и лесно и благодарение на поставеноста на менувачот на таблата, може да се движите брзо и без пречки од една страна во кабината до друга.
Додатете електронско управување, подесување на возачкото седиште и на управувачот и ќе добиете комфор како во автомобил во текот на целото патување. Клима уред, централно заклучување и електрика на прозорци се изборна опрема за Combi.

Кабината изобилува со иновативни решенија и интелегентни можности за чување предмети, вклучувајќи преграда за предмети пред совозачот со осветлување и екстра големи прегради на вратите. Има држач за чаша и голема фиока под совозачкото седиште која е идеална за чување мапи.
Вкупно, има 11 прегради за чување предмети во Vivaro. Селективното заклучување на вратите со клуч со 3 копчиња овозможува отклучување на вратата од багажникот независно од вратите на кабината - со што внатрешноста и се во неа се заклучени и безбедни за време на внесување или изнеување товар од возилото.
Јасна, атрактивна графика ви прикажува целосен преглед на информации за патот и дење и ноќе, вклучително и информации за растојание, моменталното ограничување на брзината, RDS-EON информации за застој на патот и очекувано време на пристигнување. Има и избор за поглед одозгора и директен поглед нанапред (прикажано овде). Мапите покриваат 26 европски земји.

Системот за навигација може да се програмира на конвенционален начин од страна на возачот или совозачот преку мобилен апарат кој е позициониран над системот за инфозабава.

Р10
Радио со интегриран екран, кој истовремено го прикажува и времето. Со RDS EON, и aux-in. 4 x 15 W.
ЦД10
ЦД/MP3 плеер, радио со RDS EON, aux-in, интегриран екран и контролни копчиња на управувач. 4 x 15 W.
ЦД 20
ЦД/MP3 плеер, радио со RDS EON, aux-in, надворешен екран, контролни копчиња на управувач и 4 x 15 W.
ЦД 30 BT
ЦД/MP3 плеер, радио, aux-in, конекција за Bluetooth™, моно-хромиран екран, контролни копчиња на управувач. 4 x 20 W. Изборно конекција за USB.

Изборно со Р10 и стандардно со другите системи за инфозабава, за безбедна и пријатна контрола.
_310x100_1100_vi11_i01_638.jpg)
Овозможува поврзување на сите мобилни уреди преку приклучок за слушалки, пр. МП3 плеер. Стандардна опрема со сите ситеми за инфозабава.
Прочитајте повеќе за:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
