Combi L1H1 2.7t
Vivaro Combi е едно од возилата со најмногу намени на пазарот. Достапно е во избор од модели со кратко или долго растојание на осовината на тркалата, може лесно и брзо да се трансформира од пространо возило со 9 седишта во возило со 6 седишта и дополнителен багажен капацитет, без потреба за отстранување на седишта од возилото.
Combi има два или три реда седишта кои може да се отстранат. Широките лизгачки врати овозможуваат лесен пристап до светлата и пространа кабина. Може да го индивидуализирате вашето Combi според вашите лични желби и иако вратите на отворање на задниот отвор се стандардна варијанта, постои и можност за задна врата на кревање. Постои можност за втора лизгачка врата со целосни димензии за дополнителна удобност. Изборната предна и задна клима го одржува внатрешниот простор пријатен при сите патувања.
За купувачите кои имаат потреба од повисок степен на комфор и поголем багажен капацитет, Combi е достапен со долго растојание на осовината на тркалата со целосно опремена внатрешност.
Во врска со безбедниот превоз на деца и седишта за деца, ве молиме да го контактирате вашиот консултант за продажба.
Следниве карактеристики на Opel Vivaro Combi:
- Воздушно перниче за возачот со затегнувачи за сигурносниот ремен
- ABS со Помош при Кочење
- Електронско управување со управувач прилагодлив по должина
- Радио плеер, единечен DIN, интегриран екран
- Прилагодување на возачкото седиште по висина, близина до управувач и наслонување
- Двојно предно седуште за совозач
- Клупа со 3 седишта во втор ред која лесно се отстранува
- Клупа со 3 седишта во 3 ред која лесно се отстранува и се превиткува
- Сите седишта имаат наслони за глава со подесување како и сигурносни ремени со три точки на прицврстување
- Гумена покривка на подот, преграда за предмети за совозачот во линија на кровот
- Целосно глазирана каросерија
- Централно заклучување на врати
- Странична врата на лизгање, од страна на совозачот со уред за безбедност за деца
- Врати на отворање од 180°
- Странични заштитни лајсни
- Ретровизори на врати со двојни леќи, со дел за страничен агол, со рачно подесување
- Електронски имобилизатор на мотор




