
Покрај тоа што го зголемивме пристапот кон товарот и носивоста на Opel Corsavan, ја направивме кабината така што ќе се чувствувате повеќе како во една елегантна канцеларија, со многу корисно место за складирање на Вашите документи, пијалаци и други неопходни предмети за еден активен работен ден.
Независно каде сте, Вие сте спремни за бизнис.
Читајте понатаму за да дознаете повеќе за функционалноста и капацитетот за товарење на новиот Opel Corsavan.

Со максимална должина од 1257 мм, волумен за товарење од 919 литри и максимална носивост од 475 кг, новиот Opel Corsavan Ви нуди извонреден капацитет за транспортирање.
Задната врата на новиот Opel Corsavan со можност за високо отворање Ви нуди максимална височина на отворот од 650 мм и максимална ширина од 980 мм, што значи дека можете да товарите и истоварувате со леснотија.

Стандардните карактеристики како масивниот челичен под, заштитата на страните, стандардните алки за врзување и челичната преграда до поливината височина подеднакво ќе служат да го заштитат и стабилизираат Вашиот товар.
Дополнително можете да се служите со опционалниот систем за врзување со челична мрежа со ситни дупки за полна висина, гумени тепихчиња, капакот за целосно натоварен багажен простор и мрежа за врзување на товарот во товарниот простор.
Сите тие својства ги исполнуваат најсовремените безбедносни барања.
Прочитајте повеќе за:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
