
Еве само некои главни примери од големиот спектар додатоци за Opel Vivaro достапни за да го индивидуализарате вашето корпоративно комбе.
За целосниот список на додатоци погледнете го електронскиот каталог за додатоци за Opel Vivaro или обратете се кај вашиот локален Opel дилер.

Создаден за да го понесе товарот од реалниот работен живот, овој цврст и безбеден основен носач за на покрив се грижи за долгите предмети и товарот со необична форма.

Лагерите на носачот за на покрив не само што го прават товарењето побрзо, туку и го минимизираат напорот што треба да го вложите, истовремено овозможувајќи ви да го наместите товарот прецизно онаму каде што сакате.

Изборот на куки за влечење овозможува спојување на кружната кука која може да се извади и на запчеста кука со зглоб со ивиците на влечната шипка.

Покрај заштитата на прозорците на задните врати, челичните назабени украсни маски се и моќна пречка за кражба.

Дрвена облога за подот, специјално дизајнирана за да ја штити обоената дрвена плоча под неа, го продолжува векот на трање на подот и дава можност за лизгање по хоризонтала на палети и пакети и сл. Страничната облога придонесува за полесно товарење и растоварање.

За возила без подготовка за телефон. Тестирано за немешање во електронските операции на друго возило. Подобрен пренос на глас и прием заедно со прозорска антена на лепење.

Заштитни и стилски Opel патосници кои лесно се вклопуваат, достапни во издржлива практична гума и двојно порабен теписон.

Црни штитници од кал кои нудат голема заштита од кал и камчиња - помагаат да го зачувате вашето Opel Vivaro да излгеда исто толку добро како и денот кога сте го купиле.

Одберете навлаки за седишта од големиот избор издржливи, водоотпорни и атрактивни навлаки, направени за вашето Opel Vivaro.

Без оглед дали товарате багаж или спортска опрема, сместувањето на товарот на покрив може да биде и пријатно и безбедно. Цврстата челична скала во облик на цевка поставена на задниот дел е достапна и за верзија со врати со хоризонтално отворање или задна врата со вертикално отоворање.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
