Opel Vivaro - Модели и варијанти

ВАРИЈАНТИ НА VIVARO.

Не само едно од најдобрите во својата класа, туку и едно од најфлексибилните. Со долго или кратко растојание на осовината на тркалата, висок или низок кров, нормална или двојна кабина, странично спуштање на врати или кабина без седишта за конверзии. Opel Vivaro. Погледнете го спектарот на варијанти на модели Vivaro и конверзии на Vivaro.

Opel Vivaro - Панел комбе

Van L1H1 2.7t

Достапно во две висини и две растојанија на осовината на тркалата, лесно е да го имате вистинското комбе за вашата работа. Целосно флексибилно, комбето нуди многу опции за простор за товар, можност за конфигурирање на решенијата за задните врати, втора лизгачка врата, разни прегради за багаж, две растојанија на осовината на тркалата и две висини на кровот.


Стандардната опрема вклучува:

  • Воздушно перниче за возачот
  • ABS со Систем за Помош при Кочење
  • Електронско управување со прилагодување на управувачот по висина
  • Прилагодување на возачкото седиште по висина, близина и навалување
  • Двојно предно сопатничко седиште
  • Три прилагодливи потпирачи за глава и безбедносни ремени со 3 точки на прицврстување
  • Радио со интегриран екран, единечен DIN
  • Странична лизгачка врата, од страна на совозачот, со безбедносен уред
  • Цврста преграда со полна висина
  • Прстени за прицврстување на товарот на подот на багажниот простор
  • Цврсти врати со хоризонтално отворање, 180°
  • Ретровизори со двојни леќи и дел за страничен агол, со рачно прилагодување
  • Електронски имобилизатор на моторот
Opel Vivaro - Двојна кабина

Безбедна и економична, двојната кабина на Opel Vivaro може да превезува до шест патници, а сепак да има значителен багажен капацитет од 3.8 м3 кај стандардната и 3.5 м3 кај изборната комфор варијанта, која овозможува зголемен простор и комфор за патниците. 


Патниците може да уживаат во удобното возење, со лизгачките врати и прилагодливите потпирачи за глава како стандардна опрема, а од другата страна на преградата може да се пренесува товар безбедно и сигурно.


Покрај сите стандардни елементи на Opel Vivaro комбето, стандардната опрема вклучува и:

  • Втор ред со 3 седишта со прилагодливи потпирачи за глава и безбедносни ремени со три точки на прицврстување
  • Фиксни странични прозорци во вториот ред
  • Обложен лев ѕид и лизгачка врата, долен дел
  • Панелен под во кабината, обложен со гума
  • Целосно затворен преграден ѕид од високо издржлив материјал со сигурносен прозорец
  • Заштитна облога која спречува излизгување во багажниот простор
  • Глазирани врати со хоризонтално отворање, 180°
  • 2,900 кг бруто тежина на возилото
Opel Vivaro - Кабина без седишта

Floor cab

Откријте ја можноста за конверзија според потребите на вашата компанија. Иако спектарот на Opel Vivaro покрива голем дел оперативни потреби, можеби имате одредени специфични барања кои може да бидат задоволени единствено со специјализирани измени на каросеријата. Токму затоа комерцијалните возила на Opel го нудат Opel Vivaro со кабина без седишта.


Вклучувајќи корисна носивост која е меѓу најдобрите во класата, дополнета со избор на мотори и долго растојание на осовинамта на тркалата, Opel Vivaro е идеална основа за специјализирани измени на каросерија, за било какви деловни потреби кои вие ги имате.

Opel Vivaro - Странично отоворање на врати

Цврсто и практично, страничното отворање на врати нуди исклучителен рамен капацитет со целосна гаранција од Opel. Всушност, ова е најдобрата отворена платформа за товар со повеќе намени. Дополнителна корист се добива со деловите за чување предмети под подот со можност за заклучување, со што се овозможуваат дополнителни 920 литри лесно достапен и безбеден багажен прсотор.


Покрај стандардните карактериститки на комбето Opel Vivaro, верзијата со странично отоворање на врати вклучува и:

  • Багажен простор од 5.5 м2
  • Поцинкувана челична структура
  • Анодизирани алуминиумски странични ѕидови
  • Темно сива облога
  • Уникатен вовлечен механизам за заклучување