
За ефикасно да го оптимизира моторот, Opel користи напредни технологии за подобрување на процесот на согорување и за намлување на внатрешните загуби предизвикани од отпор и прекумерна тежина.
Со цел да се подобри протокот на воздух и согорувањето, VVT дозволува времето на отворање и затворање на вентилите да се менува за време на работење.
Постојано се прилагодува на тежината и според тоа овозможува зголемени перформанси и намалена потрошувачка.
Со разлика на должината на влезниот тракт кој е контролиран со вентил, брзината на протокот на воздух се зголемува при ниски вртежи за висока вртежна сила преку насочување на воздухот по пониска патека.
При повисоки вртежи, се отвора пократка патека со зголемен дијаметар за да се максимизираат перформансите. Opel го користи овој принцип и кај дизел и кај бензинските мотори.
За да се избегне типичното турбо доцнење при мали брзини на моторот, турбо полначите имаат варијабилна геометриска турбина. За оптимална ефикасност, електронските сензори ја надгледуваат позицијата на варијабилните капаци.
Ултра брзите вбризгувачи овозможуваат до 8 вбризгувања во еден циклус на моторот за поконтролирано и полесно согорување. Резултат: Подобар комфор при возење, намалена бука и намалена потрошувачка и емисии на штетни гасови.
Дизел грејачите со сензори за притисок овозможуваат постојано следење на притисокот во комората за согорување со цел да се постигне фино подесување на процесот на вбризгување на гориво. Ова доведува до оптимално внатрешно согорување што овозможува подобри перформанси и економичност во потрошувачката, надополнето со намалени емисии на штетни гасови и бука.
Прочитајте повеќе за:
Сликата може да прикажува додатна опрема.

