
Пред да уживате во иновациите на нашите автомобили на иднината, ние ја тестиравме нивната издржливост, функционалност и квалитет кои се очекуваат од Opel. Дури и најмалата компонента игра улога и ние се трудиме тоа да е сигурно, сè за ваше целосно задоволство. А за да ја провериме релевантноста на нашите иновации, ние директно се консултираме со луѓето кои се најважни, нашите клиенти и идните клиенти.

Вие сакате вашиот Opel да вози брилијантно, во сите услови, а истото го сакаме и ние. Затоа секој аспект на стабилност и контрола, секој напредок во иновативната технологија се става под микроскоп од страна на нашите експерти. Дали знаете дека ние имаме наши сопствени тест капацитети на светски познатата Нурбургринг позната како “Зелен пекол”? Или дека во Дуденхофен, во близина на нашиот дом во Рузелхајм, изградивме голем тест капацитет кој е копија на речиси секој пат и неасфалтирана површина во светот? Тука нашите автомобили се возат буквално до границите само за да знаете дека какви и да се условите, било кога и било каде да сте, можете да се потпрете на вашиот Opel.

Прифаќате здраво за готово дека вашиот Opel може да издржи тешки зимски услови. Ние не. Секој нов Opel е ригорозно тестиран во поларни услови, и северно од поларниот круг. Од друга страна, вашата летна удобност ни е подеднакво важна. Затоа ние ги тестираме нашите автомобили во најнепријателски пустински услови, во Долината на смртта, Колорадо. Екстремно? Се рабира. Но, она кое ние го дознаваме во овие непријателски клими ви овозможува да уживате во вашиот Opel уште повеќе, без разлика на временските услови.

Веројатно сте виделе доволни слики од тестирање удари. Но, дали сте сфатиле дека ние не ја тестираме само отпорноста кон удари на нашите автомобили? Како пионери на целосно интегрирана пасивна безбедност, ние исто така целосно ги докажуваме нашите интерактивни системи, како што се нашиот систем за ослободување на педалата, безбедносните ремени со двојно дејство, активните потпирачи за глава и воздушните перничиња. Можеби никогаш нема да ви затребаат, но нели е утешувачки да знаете дека се тука? На посекојдневно ниво ние исто така тестираме колку е ефикасно нашите автомобили да се поправат по помали инциденти. Заедно со Истражувачкиот совет за поправка на автомобили (RCAR), меѓународно здружение за истражување во осигурителната индустрија, ние развивме автомобили за кои не се потребни големи поправки. При мали несреќи главните компоненти со сигурност не се уништени и деловите можат лесно да се заменат. Во многу земји ова заштедува пари на осигурителните премии.

Нашите дизајнери, истражувачи и техничари се само луѓе. Понекогаш им се потребен дополнителни податоци. На пример, потребно им е да знаат што сакате од вашиот автомобил и што ви е потребно. Дали формата е во ред? Дали има доволно складишен и товарен простор? Дали е премногу голем или мал? Доволно лесен за користење или на дофат? Доволно безбеден за децата? Има толку многу детали кои треба да се проверат, евалуираат и потврдат. Затоа, доколку се најдете во нова автомобилска клиника, ве молиме да бидете трпеливи со навидум бесконечни прашалници. Вашиот придонес би можел да направи значајна разлика за тоа колку ќе уживате во вашиот следен Opel.

Редуцирањето е едноставен концепт. Во принцип значи помал мотор да ја врши работата на поголем. Лесно да се каже. Реалноста е дека оптоварувањето на моторот значи дека се троши побрзо. Во Opel ние користиме и ќе продолжиме да ја развиваме и користиме најновата технологија со цел да го избегнеме ова. Сите наши ECOTEC® мотори имаат технологија со 16-вентили, ефикасноста е оптимизирана со употребата на лесни компоненти како што се дупчести осовини и преку намалување на внатрешно триење. Верзиите со турбо мотор го прикажуваат принципот на редукција уште поубедливо. Турбокомпресорот овозможува подолги должини на брзините кои ја намалуваат потрошувачката на гориво, а ја зголемуваат забавата при возење. На врвот од скалата на моќта се користат клип за ладење, вентили полнети со натриум и ласерски избрусен цилиндричен блок.
Во ред, ова сè е тркачка технологија, но на нашите тестирања ние ја истестиравме и измачивме во услови кои одговараат на 300,000 километри. Резултатот е мотор кој не само што работи, туку и трае.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Production vehicles might differ in terms of specifications and design from concept cars and future models shown on this page.
