
Еколошката погонска архитектура E-Flex, спакувана во високо флексибилен моноволуменски концепт со иновативни детали: ова е концепт автомобилот Flextreme на Opel.

Opel Flextreme е повеќе од приказ на посветеноста на Opel кон најновата зелена технологија, тој е доказ дека иднината може да биде елегантна и практична.
Клучните карактеристики на каросеријата на Flextreme ги истакнуваат новите елементи на јазикот на дизајн на Opel: поизвајана форма на површината, јасни стилски елементи како тесни светла во облик на бумеранг и закосена линија во страничната графика. Flextreme е дизајниран следејќи го мотото на технолошка ефикасност: тежината на возилото и аеродинамиката се оптимизирани со употреба на напредни материјали и технологија на симулација.
Долниот раб на ветробранското стакло е извлечен понапред, така што поклопецот за мотор со својот карактеристичен набор е многу краток. Интегрираниот приклучок за напојување во предниот лим под и над ветробранското стакло дозволува автомобилот да се напои на секоја електрична мрежа.
Еден поглед на предниот дел од автомобилот брзо открива дека предната заштитна решетка и рабовите се покриени со лесен транспарентен украс, кој е направен од поликарбонат за да ја подобри аеродинамиката и да ја одржи визуелната естетика. Истото важи и за тркалата од специјална лесна легура. Исто како дизајнот на тркалото, така и единиците на предните светла свиткани во форма на бумеранг се визуелно лажни.
Вратите во форма на пеперутка, кои се отвораат од задниот дел кон центарот, се најнепосредна карактеристика. Релјефот со мотив на сечило се протега околу целата крива линија на задниот дел. Уникатните снопови задно светло со крилести светла се речиси невидливи сè додека не се вклучат и тие се исто така свиткани со цел да дадат уште поголемо чувство на симетрија. Централниот фокус цврсто паѓа врз Opel blitz.
Исто како и сите останати прозорци и голем дел од покривот, ветробранското стакло е изработено од специјално лесен поликарбонат. Панорамското ветробранско стакло на Flextreme пружа светол и простран внатрешен амбиент и се протега врз поголемиот дел од покривот, кој е засилен со сложена структура налик на ‘рбет сè до задниот под.

Нови пристапи до простор, удобност и светлина го карактеризираат новиот дизајн на Opel Flextreme.
Поставен директно под ветробранското стакло, големиот панорамски дисплеј во внатрешноста е особено привлечен. Полињата на дисплејот се конфигурираат. Тие можат да покажат целосен поглед на сè околу автомобилот, на пример, наместо надворешни огледала, Flextreme има две странични камери, една свртена напред и една ретровизор камера. Вториот дисплеј на централната конзола се карактеризира со екран на допир за клима уредот, инфозабава и функции за навигација, како и порта за селекција на погон.
Складишниот систем на предниот и задниот дел од централниот тунел нудат типична Opel флексибилност. Патниците на предните и задните седишта можат да стават предмети како како мобилни телефони, MP3 плеери, iPod и PDA во две фиоки. Најдобриот дел: електричните уреди се полнат во фиоките со индукција и Bluetooth-способни системи можат да ги пренесат своите податоци на вградениот систем за инфозабава.
Перфорирани структури, кои се карактеризираат со мала тежина и голема цврстина, се во огромна мера употребени во внатрешноста на Flextreme. Оваа функционална, геометриска структура може да се најде во долниот дел на таблата со инструменти, подот на кабината, карго подот и над централниот тунел каде што се наоѓаат литиум-јонските батерии.

Со задните врати кои се отвораат спротивно на предните (FlexDoor®), овозможувајќи удобен пристап до внатрешноста, големиот провиден покрив и две врати на багажниот простор кои се отвораат странично и нагоре (FlexLoad®), концепт автомобилот ја претставува традицијата на Opel на особено флексибилни и практични концепти на каросерија со атрактивни дизајни.
Ова исто така го вклучува и дополнителната преграда за багаж под подoт на FlexLoad, најнова во серијата иновативни решенија на Opel, како што се системот за седење Zafira (Flex7®) и интегрираниот систем на заден носач Flex-Fix® кој се наоѓа во Corsa и Antara.
И големото изненадување е интеграцијата на два високотехнолошки електрични лични транспортери (PT), генијално спакувани под карго подот. Тие можат да се користат во области каде автомобили не можат да влезат, со тоа додавајќи опција за дополнителна мобилност. Електричните скутери пружаат до 38 км (23 милји) чиста мобилност.

Opel Flextreme го користи револуционерниот E-Flex погонски систем, кој е познат и како Voltec технологија.
E-Flex е ново семејство на електромоторни погонски системи специјално конструирани за мали и средни возила на иднината. “E” значи електричен погон; “Flex” ја претставува прилагодливоста на архитектурата. Системот дозволува флексибилна употреба на струја од широк спектар на извори: генераторот може да работи на струја од мрежата, од мал мотор со внатрешно согорување кој користи безоловен бензин, дизел или биоетанол (E85 – мешавина на 85% етанол и 15% бензин), или од електрична ќелија.
Ова значи дека погонскиот систем на возилото може да биде точно прилагоден на потребите и инфраструктурата на одделни пазари.
За разлика од конвенционалните возила и хибриди, системот E-Flex користи електричен мотор, придвижуван од литиум-јонска батерија, да го движи Opel Flextreme концептот до опсег од 55 км само на електричен погон. Во овој случај, вградениот 1.3 CDTI мотор на возилото генерира дополнителна струја со цел повторно да ја наполни батеријата и да го зголеми опсегот на возење на возилото. Целосно наполнет, опсегот од 55-км растојание на возење само на струја на Flextreme е доволен за повеќето возачи во Европа кои дневно патуваат на работа без да користат дизел гориво или да испуштаат CO2.
Концептот Flextreme е добар показател за тоа како би можела да изгледа мобилност со ниска емисија среднорочно.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Production vehicles might differ in terms of specifications and design from concept cars and future models shown on this page.


