
Шармантната спортска елеганција која е дизајнирарна да привлече погледи. Со индивидуалистичкиот стил, OPC прозиводите јасно се издвојуваат од толпата.

Кратенката ‘OPC‘ е синоним за стилски перформанси. Всушност тие го означуваат Центарот за Перформанси на Опел. Зад кратенката стои спектар на автомобили дизајнирани да ве возбудат и импресионираат од прв поглед па натаму.
Сите тие нудат поспортски стил, карактеристични OPC динамични бои и поблизок и агресивен став на патот. Тие истот така нудат и аеродинамична OPC каросерија и карактеристични OPC тркала, кои веднаш го привлекуваат погледот и заинтересираноста на вистински посветениот возач.

Стимулирачки спортска средина, дизајнирана и рафинирана за посветени возачи. Спортските седишта Recaro ја даваат најдобрата можна странична поддршка во остри кривини и се удобни како да се правени по мерка на возачот. Оптималното чувство за патот се пренесува преку кожниот управувач и извонредните OPC стилски инструменти информираат и возбудуваат. Тоа е суштината на еден вистински спортски автомобил.

Извонредни бои и квалитет се надополнуваат со цел да ве инспирираат да возите. Па затоа, составете ја вашата сопствена OPC внатрешност од големиот избор можности кои се достапни на основен чист динамичен дизајн.
За надворешноста може да избирате од забележителните бои со висок квалитет. Меѓу нив се Арден Сина, Светло Сребрено, Сафир Црна, Магма и Јако Црвена, Казабланка и Глечерно бела и Технички Сива. Нивото на надворешна, внатрешна опременост и материјалите се дизајнирани за совршено да одговараат со одбраната боја.
За спортските седишта Recaro, покрај стандардните Сина/Антрацид и Сребрена/Антрацид комбинации, постои и избор за кожа на сите елементи. Со било која комбинација на материјали што ќе ја одберете, вистинската желба за возење доаѓа загарантирано.
Прочитајте повеќе за:
Сликата може да прикажува додатна опрема.

