Opel - Колекционерска продавница

Opel колекционерска продавница

Проверете ја колекцијата од производи на Opel и најдете совршени подароци за обожаватели од сите возрасти. 

Посетете ја колекционерска продавница на Opel!

OPEL НА ИЗЛОЖБАТА ЗА МОТОРИ ВО ЖЕНЕВА 2009.

Светска премиера на Opel Ampera

2.3.2009

Светска премиера во Женева: Opel Ampera со деби во 2011

Револуционерната Opel Ampera денес ја прославува својата светска премиера на 79-тата изложба на мотори во Женева. Претседателот за Европа на General Motors, Карл Петер Форстер, го претставил електричното возило со зголемен опсег и ги најави плановите за лансирање на овој автомобил во втората половина на 2011. 

 

“Opel Ampera го покажува лидерството на GM кога се работи за електрификација на автомобили” рече Карл Петер Форстер. “Силниот електричен погонски систем Voltec е еден вид на променлива технологија со која автомобилската индустрија треба да биде подготвена за енергетските и еколошки предизвици.


Ampera со пет врати и четири седишта е под влијание на наградуваниот дизајнерски јазик на вајарска уметност на Opel кој се комбинира со германската прецизност која ги вклучува неколкуте стилистички елементи на иновативниот Flextreme и концептот за излог на автомобили GTC.


“Откривањето на Ampera е најсоодветен начин да се прослави 110 годишнината од иновативноста на Opel во автомобилската индустрија,” рече Алан Висер, GME потпретседател на Opel.

 

Тркалата на Ampera се електрично придвижени во секое време и на секоја брзина. За патувања до 60 km (MVEG), работат на струја која се генерира од 16-kWh,литиум-јонска батерија и емитува нула CO2. Кога батеријата е истрошена струјата од генераторот на мотор го зголемува опсегот на Ampera за повеќе од 500 km.


Ampera може да се напојува од извор на струја од 230 v во било кое домаќинство. GM Европа ги анализира стандардите за инфраструктура за напојување за електрични автомобили со енергетските компании, вклучувајќи ја компанијата Iberdrola од Шпанија.

ecoFLEX најзначајни карактеристики економичност без компромис

Opel ја распоредува својата ecoFLEX палета за модели - со повлекувач на гас, палета на автомобили со слаба емисија која обезбедува динамично возачко искуство.


Оваа година бележи пет значителни нови производи.


Insignia ecoFLEX, 119 kW и до 380 Nm вртежи покажува исклучителна комбинација на ефикасност на гориво, одлична аеродинамика (Cd 0.26) и перформанси. 

 

Новата Zafira CNG турбо e првото турбо компресирано CNG комбе на пазарот, комбинација од CNG ефикасност на гориво и економичност со 110 kW одлични перформанси. 

 

Astra со 119g CO2 на километар работи на 1.7 CDTI мотор и ослободува 13 проценти помалку емисија но е во комбинација со поголема моќност од 20 повеќе hp и 60 повеќе Nm споредено со претходниот 1.3 CDTI ecoFLEX.

 

Corsa 1.3 CDTI има 109 g CO2 за километар, намалување на емисија за осум проценти споредено со претходната верзија но со исти перформанси.


Opel Agila работи на два мотори со емисија на CO2 која овозможува даночни привилегии во многу европски земји. Деловите од 1.0-литар имаат намалена емисија на CO2 од 120 g/km до 119 g/km. Деловите од 1.2-литри сега емитуваат само 129 g/km CO2 споредено со претходната емисија од 131 g/km.

Insignia со три различни стилови на каросерија и девет мотори

Insignia, со својот динамичен дизајн и софистицирана технологија го одржува своето ветување да го привлече вниманието кон брендот. Независно од стилот на каросерија - седан, хечбек или спорт туре - стилот на автомобилот јасно ја изразува стратегијата на Opel да создаде напредна технологија и привлечен дизајн.


Спорт Туре е лансиран на пазарот веднаш после изложбата за мотори во Женева. Сите Insignia модели имаат два нови вида на работа на мотор: Иновативниот 2.0-литарски Битурбо дизел со CleanTech систем за согорување има 141 kW, и намалениот турбо мотор од 1.6-литар кој достигнува 132 kW.