Opel - Колекционерска продавница

Opel колекционерска продавница

Разгледајте ги колекциите од производи на Opel и најдете го совршениот подарок за обожаватели од различна возраст. 

Посетете ја продавницата на Opel!

OPC ТРЕНИНГ ЗА ПЕРФОРМАНСИ.

7.11.2009

Пилотските спортски автомобили сакаат професионалци

OPC тренингот за перформанси е направен за амбициозни возачи. Доколку сакате перформанси и динамично возење ова е ваша шанса да ја искусите филозофијата на OPC од прва рака.


OPC моделите и тренингот за перформанси на Opel се многу повеќе од обични. Двократниот победник на Ле Ман, Мануел Ројтер и неговиот тим на инструктори ќе ви покажат како да останете на врвот кога го користите вашето возило до максимум. 

 

Ние го поседуваме вистинското место за тестирање на OPC моделот со високи перформанси и усовршување на вашите возачки способности. Тестцентарот на Opel во Дуденхофен, Германија, кој е обично достапен само за нашите инженери и тест возачи.

Поместете ги границите! Детален преглед на тренинг модулите

Тренинг програмата се базира на акција, контрола и забава при возењето. Научете да ги усовршите професионалните техники на возење во различни практични сесии. Сите вежби ќе бидат детално анализирани заедно со инструкторите.

 

  • Слалом
  • Кочење и тргнување 
  • Промена на лента со голема брзина 
  • Држење правец 
  • Вртење во кривина

Незаборавно искуство

Целта на OPC тренингот за перформанси е да ги усоврши вашите способности за возење. Затоа посветуваме цел ден за да бидеме сигурни дека секој учесник го добива потребното внимание. 

 

Распоред на тренинг:

 

09:00 – 09.30: 1. Брзина
Запознавање и добредојде за време на појадок 

 

09:30 – 10:00: 2. Брзина
Запознавање на тимот на инструктори и лоцирање на групи.

 

10:00 – 12:00: 3. Брзина
Прв дел на тренинг програма

 

12:00 – 13:00: 4. Брзина
Групен ручек

 

13:00 – 16:00: 5. Брзина
Втор дел од тренинг програма, последен дел за време на кој се прави тест за евалуација на наученото. 

 

16:00: 6. Брзина
Кафе и колачи. Заминување 

 

Датуми за следни тренинзи:

 

Следните тренинзи за OPC перформанси ќе се одржат на 8-ми мај, 10-ти јули, септември 25-ти, 2010. 

 

Учеството на OPC тренинзите за перформанси е отворено за сите возачи со спортски амбиции. 

 

Таксата за учество за секоја програма е 480 ЕУР (вклучувајќи ДДВ). OPC тренинг возилата се обезбедени од Opel.

 

За повеќе детали и да добиете формулар за регистрација, ве молиме посетете ја веб страницата за OPC website www.opel-opc, контактирајте ја дежурната линија на OPC + 49 1805 5510 или испратете електронска пошта на opc.traing@de.opel.com.