На изложбата за мотори во Франкфурт, Opel ја претставува новата генерација на Astra и овозможува да се види револуционерната електрична Ampera која го засилува своето работење со помош на новите мотори за заштеда на гориво.
“Имаме добри причини да бидеме доверливи овде на изложбата за мотори во Франкфурт, нашата домашна територија. Можеме да лансираме ново поглавје од историјата на Opel со премиерата на десетата генерација компактни класични автомобили, Astra хечбек, вели Карл Петер-Форстер, одговорен за Раководниот Одбор на Opel. “Разноликоста на проекти кои ги нудиме ни дава можност да покажеме колку е голема нашата страст кон автомобилите.”
Новата генерација на Astra е првиот класичен компактен автомобил
Новата Astra хечбек со пет врати има спортски но и елегантен изглед кој произлегува од истиот дизајнерски јазик што го поседува нејзината роднина Insignia, но сепак тие се толкуваат различно. Новата генерација на Astra дебитира со работа на мотор од 8 дела кој има просечна потрошувачка на гориво што е за 12 проценти подобро од актуелната генерација.
Новата Astra и носи на компактната класа многу карактеристики за комфор и бебедност кои прво беа претставени со Insignia со средна големина. Исклучителната технологија како што е целосно новата мехатроничка шасија, најнапредниот систем за осветлување, предна камера која препознава сообраќајни знаци и технологија за седишта со најдобра ергономичност ќе биде достапна по поволни цени кај новата Astra.
Opel Ampera електричниот автомобил за четворица, нуди доволно простор за товар и широк спектар
Електронската Opel Ampera со пет врати и четири седишта е изложена на штандот на Opel во хала 8. Овој семеен автомобил го има истиот DNA дизајн како Astra и Insignia, Европскиот автомобил на годината за 2009, и користи технологија Voltec на електричен погон. За разлика од други конвенционални системи на електричен погон, Voltec ја користи струјата како основен извор на енергија и бензинот како средство за производство на енергија. Ова и овозможува на Ampera да ги нема вообичаените проблеми како сите други електрични автомобили со ограничен опсег.
Opel почна со тестирање на два автомобили во работилницата во Дуденхофен од продолжениот опсег на Ampera електричниот автомобил (E-REV), и го резервираат производството на револуционерниот автомобил со четири седишта за втората половина на 2011.
Corsa од 98 g CO2 и Astra со 109 g се следните изданија на ecoFLEX палетата
Во јануари 2010, Opel ќе воведе нова варијанта на ecoFLEX за популарната Corsa која ќе емитува 98 грама CO2, и со тоа станува првиот Opel to br/eak the 100 g/km CO2 barrier.
Следниот чекор за палетата на ecoFLEX е Astra со 109 грама наредната пролет.
На IAA, Opel ја претставува новата верзија од 95 kW (130 кс) на Insignia ecoFLEX која овозможува да се ужива ниската потрошувачка на гориво од 5.2 l/100 km како и одличните перформанси (до 320 Nm вртежи) по многу поволна цена. Достапно кај каросерија седан или Спорт Туре оваа нова верзија на Insignia ecoFLEX му се приклучува на моделот со 112 kW и посебно е наменет за флотни клиенти и приватни клиенти во оние европски земји кои имаат специфични еко даноци.
Се воведува старт/стоп технологија кај сите модели на Opel
Почнувајќи од втората половина на 2010, Opel ќе почне да ја воведува технологијата старт/стоп кај сите модели и ќе биде завршена за 24 месеци. Ова е само една мерка - почнувајќи од револуционерната палета на електричните автомобили Ampera до целосната палета на ecoFLEX моделите – кои покажуваат дека Opel е посветен да ја направи најновата еколошка технологија да биде достапна за сите.
Старт/стоп технологијата штеди енергија со исклучување на моторот кога возилото мирува, како на пример кога стои на семафор. Моторот авоматски се активира кога возачот притиска на квачилото.
Opel Insignia OPC ја одбележува 10 годишнината од Opel автомобилите со перформанси
Најпосле, 2009 не е само нов почеток за Opel и за неговата Astra со пет седишта. За да ја докаже страста и посветеноста кон автомобилите, брендот го лансира својот најмоќен автомобил досега, Insignia OPC. Со работа на турбо мотор од 2.8 V6 произведува 239 kW (325 кс) и извонредни 435 Nm на вртежи. Insignia OPC е целосно опремена со висока технологија како на пример прилагодливо возење за тркала и електронски диференцијал за помош при лизгање комбиниран со електронскиот систем на Opel FlexRide за амортизација.
Во последните десет години, автомобилите на центарот за перформанси на Opel покажуваат колку многу спортски потенцијал и технолошка експертиза поседуваат најдобрите возила на брендот. Последните модели додадени на ова портфолио, Opel Insignia OPC седан и спорт туре, ја пренесуваат оваа филозофија на повисоко ниво, нудејќи вистинска моќ и рафинирана ефикасност.
OPC автомобилите се различни, израз на чиста страст за возење, за автомобили, за љубов кон возењето. Тие будат емоции и ја покажуваат експертизата на Opel за динамика на возење и високи перформанси.