19.2.2010

Еднодневниот тренинг курс во тест центарот на Opel во Дуденхофен е дизајниран за да ја зголеми вашата перцепција за опасни и непредвидливи ситуации. Ви помага да ја подобрите вашата способност да реагирате додека го контролирате автомобилот и системите за помош - при што ја подобрува вашата целосна безбедност. Имате палета од нови Opel модели достапни за вежба.
Нашите експертски инструктори ви покажуваат како да ја задржите контролата над вашето возило преку серија практични сесии. На слалом курсот, на пример учите да го наоѓате глаткиот ритам на управување, таканаречениот “ тест за промена на лента“ како да избегнувате пречки со поголема брзина, а различните вежби за кочење ве учат на фината уметност за намалување брзина.
Практичниот дел е дополнет со теоретска програма. Овде учите за точната позиција за седење, најдобар начин за држење на управувачот, и умешно вртење во кривини користејќи странични линии и управувачки техники. Можете да дознаете за самоуправувачките карактеристики на вашето возило и нагло и недоволно свртување.

Со локација во главното седиште на Opel во Рузелхаим, тест центарот во Дуденхаим е добро чувано место каде се тестираат прототипите и експерименталните возила. Со своите 2.6 квадратни километри претставува дом на многу различни видови тест траки и капацитети за тестирање каде се симулира движењето на целото возило со поголема брзина. На крајот на тренингот ќе добиете тура со водич низ тест центарот.
Сите учесници добиваат свој сертификат како доказ за успешно завршен тренинг за возачи. Искористете ја оваа шанса и научете како да се справувате со опасни ситуации - спасува животи.
Вообичаено: Храна и пијалоци ќе бидат обезбедени бесплатно.
Тренинг курсеви во 2010
17 април
12 јуни
11 септември
Адреса
Testzentrum Dudenhofen
Am Opel Prüffeld 2
63110 Rodgau-Dudenhofen
Дежурна телефонска линија: 01805 - 55 10 (0,14€/Min.)
Факс: 06142 - 76 30 06
E-пошта: opc.training@de.opel.com
Сликата може да прикажува додатна опрема.

