НОВАТА ASTRA ECOFLEX СО CO2 ЕМИСИИ ОД САМО 109 G/KM.

20.4.2010

  • 1.3 CDTI со 4.1 литри на 100 km за помал трошок
  • Само 109 g/km за помали даноци и почист воздух
  • Цените почнуваат од 19,390 евра

Рузелхаим. Со емисија на CO2 од само 109 g/km и комбинирана потрошувачка на бензин од 4.1 литри на 100 km, новата Astra 1.3 CDTI ecoFLEX му дава уште поголема ефикасност на ново лансираниот компактен автомобил на Opel. Благодарение на механичките и аеродинамични подобрувања, клиентот ќе профитира од даночните бенефити во многу европски земји. Сето ова, спакувано во прекрасениот дизајн на Astra ecoFLEX доаѓа спакувано во истото извајано пакување како на новата генерација Astra. Цените почнуваат од 19,390 евра во Германија. 

Astra ecoFLEX го користи ултра-економичниот 1.3 CDTI 70 kW (95 hp) турбо дизел мотор. Вртежите достигнуваат значителни 190 Nm помеѓу 1,750 и 3,250 rpm. Моторот со повеќе вентили 1.3. CDTI користи една шина, систем со повеќекратно напојување на гориво кој работи под притисок од 1,600 бари. Подобрената рециркулација на издувни гасови (EGR) има и дополнителна функција која помага да се намали емисијата. Astra 1.3 CDTI ecoFLEX е сврзана со пет-брзински рачен менувач оптимизиран да достигне висока економичност на гориво. Моторот има стандарден дизел партикуларен филтер (DPF).

Astra ecoFLEX ги подобрува аеродинамичните перформанси користејќи активен затворач на воздух вграден во предната решетка.Затворачот се отвора за да пропушти воздух во моторот на мала брзина и тогаш автоматски се затвора на повисока брзина за да го ублажи протокот на воздух во предниот дел на автомобилот. Овој систем е надополнет од внимателно одредена аеродинамика во долниот дел на автомобиот. Како дополнителна помош за целосно користење на еколошките карактеристики на автомобилот сите модели на Opel ecoFLEX имаат светло кое се активира при менување на брзина.


Astra ecoFLEX е дел од палетата дизел автомобили на Opel ecoFLEX кои имаат ниска емисија на CO2, во која спаѓаат 98 g Corsa и 136 g Insignia. Opel инвестира околу еден билион евра во нови видови мотори се со цел да се воспостави јасно движење. Ова започнува со правилно подредување на работата на моторот нудејќи алтернативни горива како што се LPG и CNG и воведувајќи ја старт/стоп технологијата. Потоа се дополнува со нови, алтернативни погонски системи како што се елекричните возила со зголемен опсег, електрични возила на батерија и хибридни автомобили. 

Astra ecoFLEX ќе биде еден од автомобилите кои ќе учествуваат на Искусете го Opel ecoFLEX, европски натпревар каде амбициозните учесници ќе може да ги покажат своите нископотрошувачки и еколошки возачки способности. Натпреварот почна на 1 ви април а победникот ќе ја добие првата произведена Opel Ampera. Електричниот автомобил ќе биде пуштен во продажба во 2011 година.