27.4.2010

Ворен, Мич./Рузалхаим – Opel Ampera донесе важна пресвртница на 23 април, петок со првото пред-производство на моделот Ampera 2012 кое излезе од пред-производната лента на GM во Ворен, Мичиген.
Работниците на производната лента ќе склопат повеќе пред-производни автомобили Ampera во наредните месеци. Овие пред-производни возила нема да бидат продавани на дилерствата но ќе бидат користени за тестирање и валидирање на производниот дизајн како и за развивање на финалниот софтвер и контроли. Инжинерите во Европа и САД ги користат за тестирање на возачкото искуство во возилото. Некои од овие Ampera автомобили ќе имаат многу краток живот и ќе бидат користени за тестирање на безбедност и структурен интегритет.
“Ние сме на вистинскиот пат да почнеме со производство на Ampera за Европскиот пазар во втората половина на наредната година,” вели Ендрју Фарах, главен инжинер за возила за Ampera “Има уште многу работи кои треба да се направат, но големо достигнување е за нашите тимови овде и во Европа тоа што може да се вози Opel Ampera склопена на нашата пред-производна линија.
Opel Ampera електричното возило овозможува чисто електрично возење до 60 километри пред да се вклучи генераторот на моторот кој ја одржува батеријата за повеќе од 500 километри. Батеријата можеда се полни со вклучување на борд системот за полнење во возилото кој има стандарден порт за полнење. Треба да биде пуштена во продажба на крајот на 2011.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
