16.6.2010

Рузелхајм. Opel ја воведува Astra Sports Tourer – елегнатен караван со практичност од прва класа во спортска и стилска форма. Овој компактен караван е конструиран како надградба на хечбек варијантата со пет врати, за која се примени повеќе од 160,000 нарачки за само шест месеци.
Со истиот дизајн на Opel, DNA и Sports Tourer варијантите ја имаат за свој најголем партнер Insignia, Astra Sports Tourer има динамичен а сепак практичен изглед: добриот изглед е комбиниран со простран, флексибилен капацитет за карго товар. Ефикасниот дизајн на багажникот и врвните карактеристики кои ја надополнуваат функционалноста, лесно го зголемуваат багажниот простор до 1,550 литри. Astra Sports Tourer е претставена со високо квалитетна крајна обработка и ги содржи возбудливите иновации на Opel кои го прават животот многу покомфорен а возењето побезбедно. Вклучени се: прилагодлива мехатронска FlexRide шасија, AFL+ прилагодливи предни светла, ергономски предни системи за седишта и Opel Eye систем за камера со поглед нанапред која распознава сообраќајни знаци и го предупредува возачот при невнимателно напуштање на лентата во која се движи. Дополнително, инженерите на Opel ја развиваат и следната генерација на интегрираниот заден носач за велосипед FlexFix, кој ќе биде вклучен кај Sports Tourer идната година.
Караваните традиционално учествуваат со 25 проценти од вкупната продажба на сите Astra возила во Европа, многу поглема пропорција од компактниот сегмент со просечни 17 проценти. Новата Astra Sports Tourer сега ги вклучува 50 години единствена стручност на Opel во дизајнирањето и конструирањето на караван возила. Opel беше првиот производител на автомобили во Европа кој ја воведе оваа варијанта а каросерија во Европа преку Rekord CarAvan во 1953 година. Продолжи да го развива овој формат преку додавање стил и динамичен изглед на чистата функционалност кои за првпат беа видени во 1971 година преку моделот Ascona Voyage. Astra Sports Tourer ќе ја има својата светска премиера на Саемот за автомобили во Париз (2-24 октомври) и ќе се појави во продажба во ноември.
Astra Sports Tourer го нуди истото агилно управување како и хечбек верзијата

Спортскиот изглед се забележува и кај мехатронската шасија на Astra Sport Tourer. Инженерите на Opel Vehicle Dynamics се погрижија ова возило да го нуди истото ниво на комфор и агилност како и хечбек верзијата со 5 врати. Sports Tourer го дели својот изглед со братот со 5 врати, со слично растојание на осовината на тркалата од 2685 мм и широките предни и задни растојанија меѓу тркалата од 1544 и 1558 мм, соодветно.
Задната оска исто така има корист од високо иновативната комбинација на комплексна курбла и Ват врската кои се исто така употребени во варијантата со пет врати - одлична конструкција единствено од Opel. Карактеристиките и калибрацијата на амортизацијата се прилагодени за повисоки багажни капацитети, додека пак Ват врска ги поддржува страничните сили за време на вртење што и дава на Astra Sports Tourer динамично и агилно управување без компромис по стабилноста или комфорот.
Однесувањето на шасијата може дополнително да се подобри со софистицираниот FlexRide систем за прилагодлива амортизација, вистинска реткост во класата на компактни возила. Системот постојано се прилагодува на промените на условите на патот и стилот на возење. Во Стандардна состојба, FlexRide го нуди целиот обем на достапни карактеристики. Во состојбите Sport иTour кои возачот може да ги селектира, FlexRide системот обезбедува најспортски и најудобни карактеристики, соодветно. Состојбата Sport дополнително го зајакнува пригушувањето и иуправувањето.
Со оглед на тоа дека Astra Sports Tourer може да влече приколка, електронскиот систем за Стабилност на приколка од Opel е исто така достапен.
Проширена линија на мотори кои наскоро ќе ја вклучуваат и Старт/Стоп технологијата

Линијата мотори за Astra Sports Tourer вклучува осум силни а сепак штедливи бензински и дизел мотори, кои се движат од 70 kW (95 кс) до 132 kW (180 кс).
Нов додаток е 1.4 литарски турбо бензинска единица, која дава 88 kW (120 кс). Доаѓа со шест брзински рачен менувач. Верзијата со 103 kW (140 кс) кај 1.4 Турбо моторот сега е достапен со шест брзински автоматски менувач.
2.0 CDTI моторот со 118 kW (160 кс) ја предводи дизел линијата и се нуди со шест брзински рачен менувач. Тој е комбинација од високи перформанси и вртежи до 380 Nm (со појачување) со 5.1 литри потрошувачка на гориво и 134 г/км емисии на ЦО2. Исто така е достапен и шест брзински автоматски менувач.
Со цел да се оптимизира потрошувачката, сите варијанти опремени со рачен пренос сега вклучуваат и индикатор за зголемување на брзината. Старт/Стоп технологијата наскоро ќе биде вклучена кај Astra Sports Tourer и кај останатите модели на Astra. Прва примена е новата ecoFLEX варијанта со 1.3 CDTI мотор со 70 kW (95 кс).
Новата Astra Sports Tourer е целосно дизајнирана и развиена во Меѓународниот центар за технички дизајн на Opel во Рузелхаим, и ќе биде произведувана во производствениот погон на компанијата во Елесмер Порт во Велика Британија.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
