1.6.2010
Рузелхајм. Кога Insignia се појави на улиците, сите се вртеа. Анализата на пазарот и истражувањата со клиентите покажаа зошто: се работи за автомобил со софистициран, елегантен а сепак спортски дизајн и исклучителни технологии кои потрошувачите ги вреднуваат и користат - и тоа по пристапна цена.
Не е чудно според тоа, што Insignia и нејзините три модели - хечбек, седан и Sports Tourer - освоија 40 награди, вклучувајки ја и посакуваната награда Европски автомобил на годината за 2009. Потрошувачите го потврдија мислењето на експертите: Скоро 230,000 нарачки се примени до сега, со што Insignia е или најдобар или втор најдобро продаван автомобил од средна класа во 11 земји.
За дополнително зајакнување на одличната компетитивна позиција на Insignia, Opel постојано ја развива и подобрува оваа најдобра линија модели. Германскиот бренд сега го спои својот изборен Прилагодлив 4x4 погон со 2-литарски CDTI мотор со 160 кс, па така тоа е првиот патнички автомобил од Opel кој поврзува моќен а сепак ефикасен дизел мотор со иновативна водечка технологија во класата на прилагодлив систем за возење со погон на сите тркала. Понатаму, инженерите ги подобрија сите дизел мотори за да се подобри буката и вибрациите, со што се задржува мирот во внатрешноста и се зајакнува внатрешната акустика. Промените се наменети за подобрување и на механичката и на буката од согорувањето.
Дизел понудата е во дополнување на 2-литарскиот турбо бензински мотор со 220 кс со Прилагодлив 4x4 погон кој е дел од линијата на мотори од самото лансирање. Двата мотори нудат високи перформанси без нарушување на буџетот за гориво. 4x4 е стандард за 2.8 V6, 260 кс Турбо и OPC модели.

Прилагодливиот 4x4 систем на погон на сите тркала, заедно со прилагодливата FlexRide врвна шасија и електронски контролираниот заден лимитиран диференцијал на лизгање (eLSD), ги поставуваат новите стандарди за возење и управување. Испитувањата покажуваат дека корисниците на Insignia особено ја ценат оваа иновација: Скоро 45 проценти од корисниците на Opel низ цела Европа кои нарачуваат 2.0 литарски турбо бензински мотор го нарачуваат и Прилагодливиот 4x4 погон за својата Insignia.
Активниот систем за погон на сите тркала ги подобрува управувањето и стабилноста при секакви услови за возење. Прилагодливиот 4x4 погон ги комбинира најдобрите карактеристики на конвенционалните механички и хидраулични системи за погон на сите тркала. Нуди оптимално влечење, дизајниран да ја движи Insignia подинамично.
Една голема предност е дека сите тркала не мора да се вртат пред да се вклучат корективните мерки. Тоа му дава сигурност на возачот дека Прилагодливиот 4х4 систем кај Insignia може сепак да задржи безбедно влечење дури и ако три тркала се во песок или кал а само едно тркало е на тврда основа. Дури и при лоши временски услови и на лоши патишта, напредните системи на шасијата се дизајнирани да препознаат и избегнат опасност доволно рано за да му помогнат на возачот во ризични ситуации а сепак да овозможат забавно возење - дури и за луѓе кои одат на одмор со Sports Tourer со приколка.
Прилагодливиот 4х4 систем кај Opel не само што ви помага во ситуации критични за безбедноста. Тој исто така открива кога не се потребни специјални интервенции предизвикани од надворешни услови, како што се патување по автопат. Во таков случај системот се враќа во погон на предните тркала за да се намали загубата од триење и за да заштеди гориво.
Прилагодливиот 4x4 е само една од многуте интелегентни технологии кои се нудат кај сите модели на Insignia. Моделите на Insignia воведуваат иновации како што се прилагодливиот би-ксенонски безбедносен систем за осветлување AFL+со своите девет функции и систем со предна камера Opel Eye, со предупредувања за менување лента и способност да препознае сообраќајни знаци. Opel освои награди и за AFL+ и за Opel Eye, што е потврда за модерната технологија. На сопствениците исто така им се допаѓаат ергономските спортски седишта со достапна цена и висока удобност, сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken (Акција за Здрав Грб - AGR), ортопедски специјалисти. Вљубениците во спортски одмор ќе бидат задоволни од Куката за приколка која може да се демонтира како и системот за Помош за стабилност на приколка, кој помага во заштитата против нишање на приколката, и овозможува безбедно возење. Кога веќе немате потреба од приколката, куката може едноставно да се извади, и да се зачува елегантниот изглед на Insignia во целост.
Иновативната технологија е на исто ниво со високиот, аеродинамичен јазик на дизајн на ‘вајарска уметност на ниво на германската прецизност‘ кој за првпат е воведен кај Insignia. Надворешноста буквално го опфаќа новиот изглед на Opel: врвен квалитет, елеганција и иновативност. Sports Tourer има своја додадена вредност, како што е електронско отворање на вратата од багажниот простор со можност за програмирање на висината на отворање, систем за одредување на нивото на товарот и добро познатиот систем за организирање на товарот FlexOrganizer. Целосно рамниот багажен простор е со капацитет од 540 до 1,530 литри. Резултатот е динамичен, спортски караван кој елегантно ја крие својата висока практична вредност.
Високиот дизајн се пренесува и во прекрасната внатрешна кабина која е направена од високо квалитетни материјали со критички пристап кон сите детали. Зачуван е современиот стил, има два нови изгледи - Индиско лето и Спорт Издание - сите се појавуваат во Август, Insignia ќе биде понудена со фина Nappa кожа со врвен квалитет во нежна боја Индиско лето која е надополнета со прекрасно кремасто Кашмир обрабување.
Оваа современа внатрешност е јасен моден израз. Неколку различни техники на обрабување вклучително контрасни линии кои се користат во ова ниво на опременост не само на седиштата туку и на облогите на вратите, управувачот и менувачот. Заштитниот знак на Insignia - сечило е извезена на седиштата и патосниците. Црната внатрешност нуди целосна опременост со кожа, вклучувајќи ги и седиштата и облогите на вратите, за чувство на луксузност.
По избор, купувачите може да одберат пакет Sport Издание кој како и Индиско лето доаѓа со црна внатрешност. Нормално, вклучени се кожен управувач и менувач од OPC линијата, заедно со 19 инчни или 20 инчни тркала од лесна легура. Пакетот Sport Издание се нуди со Cosmos и Sport ниво на опременост.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
