22.6.2010
Рузелхајм. Opel сега ја нуди технологијата Старт/Стоп кај Corsa 1.3 CDTI (55 kW / 75 кс) и Agila 1.2 л (69 kW / 94 кс) на бензин заедно со Еуро 5 надградба и пакет за оптимизација на моторот за ЦО2, што овозможува значителна економичност во однос на потрошувачката при градско возење.
Употребата на оваа ecoFLEX технологија понатаму ќе биде проширена кај моделите Astra почнувајќи од 1.3 CDTI како дел од воведувањето на Старт/Стоп технологијата. До крајот на 2011, кај сите позначајни линии на Opel ќе се нуди оваа иновација за намалување на емисии на ЦО2.
Со воведувањето на технологијата Старт/Стоп, Opel продолжува да се стреми кон својата цел за намалување на потрошувачката и емисиите на штетни гасови. Овој бренд е посветен на работење на спектар на иновации кои може да ја намалат и во крајна линија да ја отстранат зависноста од нафта, да ги минимизираат емисиите на ЦО2 и да поддржат разни извори на енергија.

Технологијата Старт/Стоп е најнапредна за градско возење, за што Agila и Corsa се најпогодни. Принципот е едноставен: моторот кој не работи не може да троши гориво. Наместо неутрална позиција на семафор или додека поминува воз, моторот автоматски ќе сопре кога возачот ќе ја активира неутралната позиција на менувачот и ќе отпушти квачилото. Кога ќе се запали зелено светло, возачот едноставно го притиска квачилото за да го запали моторот повторно, ќе го стави менувачот во прва брзина и ќе појде. Секако, греењето, електронското управување и кочењето се одржуваат активни за да се обезбеди безбедност и комфор за патниците дури и кога моторот е привремено исклучен.
Преку елиминирање на времето поминато во мирување, моторите емитираат помалку штетни гасови и што е многу важно, создаваат помалку бука. Corsa 1.3 CDTI 75 кс (190 Nm / 55 kW) со изборен систем за Старт/Стоп троши само 4.0 л / 100 км и емитира 105 грами ЦО2, 6.25 проценти помалки отколку истата варијанта без оваа технологија при комбинирано возење. Сопствениците ќе забележат најголема заштеда во градско возење. При возење во урбани средини, Corsa со Стар/Стоп системот емитира 10.6 проценти помалку ЦО2 отколку Corsa без оваа технологија за заштита на животната средина. При возење во урбана средина, Corsa троши 4.8 л / 100 км за разлика од 5.3 л / 100 км без Старт/Стоп технологијата. При комбинирано возење, Corsa троши само 4.0 литри дизел на 100 км.

Пакет еcoFLEX Технологија кај Corsa исто така вклучува:
Понатаму, пакетот ecoFLEX Технологија исто така вклучува климатски комфор кој може да се прилагодува со електронска контрола на климата). Ова им овозможува на возачите да ја одредат количината на климатизиран воздух која сакаат да ја уживаат во моменти кога моторот е привремено исклучен. Можат да одберат да ја максимизираат еколошката функција и да ја исклучат кабината дури и ако кабината се затоплува. Како алтернатива, може да го притиснат копчето за прилагодување на клима уредот, со што моторот се вклучува по потреба за да ја одржи внатрешноста студена. Opel е единствениот европски производител кој ја нуди оваа опција.
Agila 1.2 литри 94 кс (69 kW / 118 Nm) троши 5.0 литри бензин на 100 км и емитира 116 г ЦО2 со Старт/Стоп технологијата, скоро 2.5 проценти помалку отколку истиот мотор без оваа технологија. При возење во урбана средина, Стар/Стоп ги намалува емисиите на штетни гасови до 9 проценти.

Пакетот ecoFLEX Технологија кај Agila нуди:
Сликата може да прикажува додатна опрема.
