17.3.2010
Новата Opel Astra освои 16 награди од лансирањето во декември. Најновата награда е престижната црвена точка за дизајн на производ, доделена од меѓународно жири од експерти за дизајн. Astra може да ја додаде црвената точка на колекцијата трофеи која рапидно се зголемува а започна со Златен Управувач од германскиот AutoBild и неговите европски партнери.

Astra, развиена во европскиот центар за дизајн на Opel во Рузелхајм, е уште еден јасен показател за новиот јазик на дизајн на Opel - ‘вајарска уметност во согласност со германска прецизност‘ - кој за првпат беше воведен кај Insignia.
‘Голема чест е да се прими ова признание од меѓународно жири од дизајнери вон автомобилската индустрија. Тоа уште еднаш потврдува дека Opel е на вистинската патека со тоа што нуди делови со највисок квалитет и материјали кои даваат врвни крајни резултатаи, ‘ вели Марк Адамс, заменик претседател на Opel/Vauxhall Дизајн.
За првпат од воведувањето на најпрестижната шпанска национална награда во 1973, Opel Astra ја освои титулата ABC Автомобил на годината. Возилото исто така ја освои наградата Избор на Читателите 2010 од Prensa Ibérica, La Vanguardia и AutoFácil, и наградата Автомобил на Годината за 2010 на Канарските острови.
Во Романија, 30.000 луѓе ја изгласаа Astra за ‘Автомобил број 1‘ во натпревар организиран од страна на автомобилска ТВ програма. Наградата беше доделена на 14 март.

Ова е трет модел на Astra кој освојува црвена точка. Astra GTC од 2005 и Astra G 1998 се веќе дел од изминатите годишници за црвена точка за дизајн (заедно со Insignia и Flextreme концептот). Меѓународната награда црвена точка за дизајн - која се доделува од 1955 година под покровителство на Центарот за Дизајн Северна Рајна Вестфалија во Есен, Германија - се вбројува во најголемите и најреномираните награди за дизајн во светот. Таа се доделува на производи од страна на меѓународна група на екперти по дизајн кои го базираат својот критериум на степенот на иновација, функционалност и формален квалитет.
Оваа година, 1636 компании од 57 земји доставија 4252 пријави за црвена точка. ‘ Меѓународно признатото експертско жири имаше тешка задача оваа година од едноставна причина што имаше голем број на квалитетни пријави‘ рече Јан Сетебер, сениор проект менаџер на црвена точка. ‘Во името на целото жири, би сакал да ги упатам нашите честитки до Opel.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
