ПРВА НАГРАДА ЗА ДИЗАЈН НА НОВАТА MERIVA.

21.5.2010

  • Meriva ја добива наградата за дизајн на AUTO BILD 
  • Продолжува традицијата на Insignia и Astra за добивање награди
  • Се потврдува успехот на новиот дизанерски јазик на новиот Opel

Рузелхаим. Новата Opel Meriva ја продолжува традицијата на Insignia и Astra за добивање награди со тоа што ја доби првата награда за дизајн од германското списание AUTO BILD, за 2010 во категоријата за сите возила SUV/Van.


Новата Meriva го продолжува дизајнерскиот јазик на Opel кој освојува награди – уметноста на создавање форми во комбинација со германската прецизност – е успешно претставена со Insignia во 2008 и Astra од минатата година. Како дополнување на експресивниот изглед, Meriva нуди иновативни функции - како што е FlexSpace системот на задни седишта, задните врати FlexDoors, и прилагодливиот систем за складирање FlexRail -- со што станува шампион за флексибилност во автомобилската индустрија.

Opel Insignia има добиено повеќе од 40 награди, вклучувајќи ја и престижната Avtomobil na godinata za 2009 и AUTO BILD награда за дизајн во 2009 година за Sports Tourer. Во меѓувреме, Astra со 5 врати веќе доби повеќе од 20 признанија и пофалби од нејзиното лансирање минатата есен.


Meriva ја освои наградата за дизајн на германскиот AUTO BILD со надминување на предизвикот на 16 натпреварувачи во нејзината категорија. Испитани беа 100.000 потрошувачи кои го дадоа своето мислење за таа класа.

“Оваа дизајнерска награда уште еднаш покажува дека сме успешни кај потенцијалните купувачи со нашиот иновативен, спортски и елегантен дизајн за Meriva,” вели потпретседателот Марк Адамс, Opel/Vauxhall дизајн. “Оваа награда е уште поспецијална заради фактот дека клиентите гласале и ја одбрале Meriva за омилен автомобил. Ние сме горди на успехот на Meriva и сме уверени дека ќе ги надминеме очекувањата на клиентите со нашиот нов мал моноволуменски модел.“