OPEL ЈА ПОЗДРАВУВА ПОДДРШКАТА ОД БЕРЛИН ЗА Е-ДВИЖЕЊЕ.

4.5.2010

  • ЕУ-обемна стандардизација, “императив“ координација за усовршување на е - молбилност
  • Opel Ampera, HydroGen4 е лидер за чисто движење

Берлин/Рузелхаим. Opel ја поздравува иницијативата на германската влада да ги собере главните акционери и да договорат како да ја насочат земјата кон чисто движење.


Главниот и звршен директор Ник Рајли е еден од главните акционери кои треба да се сретнат денес со канцеларката Ангела Меркел на самит органзиран за да се започне напредокот на земјата кон чисто движење. За да го покаже лидерството на Opel во оваа област, извршниот директор пристигна на самитот со Opel Ampera, електрично возило со зголемен опсег кое ќе биде достапно на пазарот кон крајот на 2011 година.

Самитот е многу важен бидејќи започнува дијалог за прашања за брзината на електричното движење. Стандардизацијата на одделни аспекти - почнувајќи од големната и конфигурацијата на напојувањето па до регулативите за сервис и безбедност - не само во Германија туку и во цела Европа - претставува “императив“, рече Рајли. 


Исто така тој ја поздрави отвореноста на оние кои одлучуваат да разговараат за начините да се забрза лансирањето на возилата за чисто движење. Владите на државите можат да помогнат на многу начини: Не само преку охрабрување на инвестициите на приватниот сектор, туку и преку градење на инфраструктурата на е-движењето во согласност со стратешките приоритети на владите. Рајли го потврди својот став дека истражувањето треба да се координира од универзитети и компании за да се избегнат скапи и непотребни дуплирања. 

“Автомобилската индустрија вредно работи на развивање на технички решенија за е-движењето. Владите ја потврдуваат и поддржуваат стратешката одлука, но има потреба и да се забрза стартувањето на технологијата со цел брзо да се генерира волумен и економичност-неопходно за брза и лесна употреба за доброто на нашата животна средина. Ова може да биде направено сo поттикнување на продажбата на електрични автомобили, или преку даночни полиси,” рече тој.“ Ако сме сериозни за ова, новата технологија ќе биде достапна за сите.”

Ampera, електричен хечбек со четири седишта може на струја да ве вози 60 километри. Кога литиум-јонската батерија на Ampera е слаба, вградениот мотор на бензин започнува да генерира струја која ги движи тркалата на остатокот од патувањето. Автомобилот може да се движи без прекини уште 500 км пред да треба да се вклучи во стандарден штекер за напојување или да биде наполнет со гориво.


Opel е исто така активен член на Партнерството Чиста Енергија во Берлин од 2002 година. Брендот има 10 возила со нула емисија HydroGen4 Fuel Cell на градските улици, со што се здобива со реално искуство пренесено од бизнис партнерите.


Opel настојува да биде лидер во еколошки одржливо движење. Како таков, брендот е посветен на палета технологии кои ја намалуваат или отстрануваат зависноста на автомобилот од масло, ја намалуваат емисијата на CO2 и ја поддржуваат употребата на различен вид енергија. За таа цел, брендот инвестира еден билион евра во иновативна технологија бидејќи започнува еколошка стратегија која се вика неограничено е-движење кое ќе го носи Opel напред.

Стратегијата вклучува:


  • електрични возила со мала батерија за луѓе кои возат кратки дестинации и за градско возење 
  • електрични возила со широк опсег за луѓе на кои им треба еден автомобил за кратки и долги дестинации 
  • долгорочно, електрични хидроген возила за возење на долги релации со нула емисија и без ограничување на големината и функцијата на возилото