28.5.2010

Рузелхаим/Келн. Победниците на “Plus X наградата за 2010”, светскиот најоглем натпревар за технологија, спорт и производи за животен стил, беа прогласени на церемонијата за доделување награди во Келн. Opel играше главна улога со Meriva која ги понесе наградите за иновативност, дизајн, функционалност и ергономичност. Благодарение на наградите во седум категории, Opel го доби називот “Најиновативен бренд за 2010“, награда за автомобилскиот сектор, победувајќи ги производителите на автомобили во областа премиум и спортски автомобили. Meriva и Astra беа прогласени и за “Најдобар производ на 2010” во своите класи.
За наградата Plus X беа претставени преку илјада производи кои беа отценувани од 144-судии од 32 земји. Извонредните достигнувања во категориите за иновација, квалитет, дизајн, оперативен комфор, ергономија и екологија беа наградени.
По добивањето на наградата Печат за квалитет, за својата предна камера во 2009 година, Opel уште еднаш ја демонстрираше својата стручност со Astra и Meriva. “Горд сум на овие награди,” вели Алан Висер, Заменик претседател за Продажба, Маркетинг и После продажба. “Тие покажуваат дека силната страна на нашиот бренд, како што се дизајнот и функционалноста, се препозанава и коментира од неутралните судии на наградата Plus X. Ова повторно потврдува дека ергономијата е плус и дека игра значително голема улога.”

Новата Meriva се карактеризира со технички и практични иновации како што се задни врати кои се отвараат на зглобови, наречени FlexDoors, FlexSpace систем на задни седишта и FlexRail централна конзола која може да се конфигурира одделно. Флексибилниот моноволуменски автомобил ќе ја слави својата премиера на 12 Јуни, кај Opel дилерите, со цени од 15,900 евра во Германија.

Како дополнение на карактеристиките за дизајн, функционалност и ергономија, новата Astra со пет врати поставува стандарди за економичност. Со емисија на CO2 од 109 g/km и комбинирана потрошувачка од само 4.1 литри на 100 km, Astra 1.3 CDTI ecoFLEX е еден од најекономичните автомобили од компактна класа. Низ цела Европа се примени над 150,000 нарачки за Opel Astra.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
