
Што е потребно за да се конструираат автомобили кои ќе ги исполнат луѓето со ентузијазам? Страст, инвентивност, перфекционизам и одговорност. Преку нашата искреност кон нашите вредности ние сме сигурни дека производите и услугите кои ги нудиме им даваат вистинска корист на нашите клиенти.

Ентузијазмот е заразен. И само некој кој е навистина страствен може да ги мотивира другите. Ние го вложуваме нашиот ентузијазам во автомобили на иднината од соништата. Бидејќи ние знаеме: Најдобрите идеи се оние кои доаѓаат од срце.

Го замислуваме невозможносто, ги спојуваме нештата кои се чини дека не можат да одат заедно. Ние бараме нови решенија и следиме една јасна цел: Иновацијата од Opel треба да се чувствува и доживува во секојдневниот живот. Ние посветено работиме на тоа.

Доброто не е доволно добро. Само оние кои го бараат најдоброто може да најдат совршено решение. Ние се обидуваме да не се задоволиме со просечност, туку се стремиме кон совршеност во се што работиме - и во однос на форма и во однос на функција.

Се што ние правиме има ефект врз другите. Нашите идеи ќе го одредат начинот на живот на идните генерации. Затоа ние гледаме на нашите дејствија како дел од решение за сите: Единствено преку соочување со одговорноста можеме да ја моделираме иднината.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
