Combo

Опис

Подобрување на вашиот работен капитал.

Купувањето комерцијално возило претставува значајна инвестиција. Неговата вистинска вредност може да се процени од тоа колку ефикасно работи за вас и за вашиот бизнис. Сите возила на Opel одлично успеваат да ги задоволат барањата на операторите и ние се движиме неверојатно далеку за да осигуриме дека тие поминуваат максимално време онаму каде што работат највредно – на патот.
И Opel Combo и Opel Corsavan се типичен пример за овие заложби. 7 дена во неделата, 365 дена во годината, од летните жештини до зимските студови, на Европските автопати и градскиот сообраќај, тој го движи вашето деловно работење – и се грижи секогаш да биде во движење.

• Компактна внатрешност со стил. Пространа висока кабина.
• Возење и управување налик на автомобил.
• Извонредно ниски трошоци за одржување и докажана сигурност.
• Големи сервисни интервали за бензинските и дизел моторите.
• Достапни се Класична или застаклена верзија.
•Лесен пристап овозможен со вратите кои широко се отвараат.
• Достапна е верзија на Opel Combo со 5 патнички седишта.

 

Надворешен дизајн.

Денешните оператори не бараат само вкупна работна ефикасност, туку и возило кое ќе го одразува нивниот деловен успех и корпоративниот имиџ. И независно од тоа дали бараат едноставност од задната врата која се подига и овозможува заштита од лоши временски услови при товарење или растоварување или флексибилност од двокрилна задна врата, во класична или стаклена изведба, Opel Combo останува возило што изгледа и ги извршува своите работи подеднакво успешно.

 

Едноставен пристап до пространата внатрешност.

Врати кои широко се отвараат и иновативни решенија за да го направат работниот ден уште поефикасен.

Со 3,2 m³, склопено патничко седиште, товарниот простор на Opel Combo Van нуди одлични димензии за секојдневна употреба. Вратите се отвораат на полни 180˚ и може да се прицврстат за да останат така, а по избор се достапни и дополнителни лизгачки врати кои се отвораат до 620мм .

 

Безбедност за работење и слободно време.

Не само што е одлично место за работење, туку е и добро заштитено. Одличното однесување на патиштата на Opel Combo, дополнето со системи за активна и пасивна заштита.

За нас безбедноста е исклучително важна. Со својот севкупен пакет на активни и пасивни заштитни мерки, Opel Combo е, исто толку, сигурен за возење, колку и пријатен за возење.
Осовременетата шасија го надополнува системот на суспензија на безбедност при динамична активност (DSA) и со тоа ја подобрува сигурноста на управување на патиштата на Opel Combo. Заштитата од странични удари е дел од стандардната опрема, како и системот за отпуштање на педалите на Opel кој автоматски ги вклучува педалите во случај на тежок судир. Понатаму, безбедносните карактеристики вклучуваат заштитни појаси со затегнувачи и ограничувачи на силата, воздушно перниче со големина на возачот и за совозачот (по избор кај Opel Combo Van) и АBS систем за сопирање. И Opel Combo поседува напреден дизајниран компјутер и докажана заштита од дифузија при удар и систем на апсорпција. Моќните H7 предни светла ви овозможуваат голема видливост ноќе. Со сето претходно кажано, имате возило кое ви овозможува возење со сигурност - без разлика на патот и временските услови.

 

Подготвен за организација.

Има место за сè, и сè е на свое место. Видете како Opel Combo ви помага максимално да го искористите целиот простор.