Combo Tour

Опис

Opel Combo- на работа, дома, на одмор, на ваша услуга

Combo Tour ви нуди еден флексибилен автомобил кој одговара на вашиот начин на живеење- на работа и дома. Деца или алати, товар или велосипеди- Опел Combo Tour поседува багажен простор и модерна внатрешност која може да се натпреварува со најголемите барања.
• Компактна внатрешност со стил. Пространа висока кабина.
• Возење и управување налик на автомобил.
• Извонредно ниски трошоци за одржување и докажана сигурност. Големи сервисни интервали за бензинските и дизел моторите.

 

Удобноста е споена со практиката.

Удобност и квалитет позајмен од патничкиот автомобил во спој со ефикасноста на товарното возило. Како надополнување на ова се зголемените карактеристики на практичност и удобност.

Combo Tour нуди удобни седишта за тројца возрасни во вториот ред со простран простор за нозете и лесен влез или излез поради страничните лизгачки врати.За работните или слободни активности неговата многустраност и флексибилност ви дозволува да ја натоварите целата опрема потребна за овие активности. Просторот за складирање на предмети со мала височина и високата кровна линија ви овозможуваат да ги сместите со леснотија и најчудните предмети.

 

Удобноста е споена со практиката.

Знаете ли што треба да пренесувате утре или наредната недела? Со Opel Combo бидете сигурни дека ќе најдете трудољубив соработник кој е целосно флексибилен кон транспортните потреби кои ги поставува вашата работа.

Разделните задните седишта со можност за склопување 60/40 како дел од стандардната опрема на Combo Tour ви буди товарен простор кој се прилагодува на вашите потреби. Со сите склопени седишта имате капацитет од 3,050 литри на носивост. Ова е доволно да утоварите мотор, опрема за планинарење или други видови на спортска опрема. Со склопување само на единичното задно седиште сеуште постои простор за твајца возрасни и дополнител багаж или долг товар. Можете да ги побарате и двокрилните задни врати на Combo ако повеќе ви се допаѓаат од стандардните со кревање.

Надворешен дизајн
Денешните работници бараат не само целосна ефикасност на работење туку и возило кое ќе го одразува нивното успешно деловно работење и ќе го подржува изгледот на компанијата. Без разлика дали ќе изберете подвижна задна врата која пружа заштита од лоши временски услови при утоварање или истоварање или можеби ќе се одлучите за флексибилна двокрилна задна врата, во класична или стаклена изведба, Combo е товарно возило кое исто така добро изгледа како што и ги извршува своите задачи .

 

Сигурност при работа .

Не е само добро место за работа, туку и добро заштитено. Одличното однесување на Opel Combo на патиштата е надополнето со активни и пасивни системи за сигурност.

Ние сериозно размислуваме за сигурноста. Со напредниот пакет за активни и пасивни карактеристики на безбедност , Combo е исто толку сигурен за возење колку и удобен. Осовремената шасија го надополнува системот на суспензија на Безбедност при Динамична Активност Dynamic Safety Action (DSA) и со тоа ја подобрува сигурноста на управување на патиштата. Заштита од странични удари е дел од стандардната опрема, како и Системот за Отпуштање на Педалите на Опел кој автоматски ги вклучува педалите во случај на тежок судир. Понатаму безбедносните карактеристики вклучуваат заштитни појаси со затегнувачи и ??????, воздушно перниче со големина на возачот и АБС систем за кочење. Воздушно перниче за со возачот исто така е возможно со дополнителна опрема. Исто така, како и кај секој Опел ,Combo поседува напредно дизајниран компјутер и докажана заштита од дифузија и систем на апсорпција. Моќни H7 долги светла ви овозможуваат голема видливост ноќе. Со сето претходно кажано имате возило кое ви овозможува возење со сигурност - без разлика на патот и временските услови.

 

Спектарот на Combo Tour

Дизајнирани за да се прилагодат на вашите индивидуални потреби

Combo Tour Essentia има се што ви е потребно за да излезете и уживате во флексибилноста на Combo. Практичност, квалитет и функционална елегантност сето комбинирано дава трајна и удобна атмосфера.

Combo Tour Enjoy , името му прилега. Тој додава по малку повеќе на сето она што вие сакате да го правите. Предни и задни браници во боја на каросеријата, нови внатрешни навлаки во твист ткаенина со избор од три бои и централно заклучување се првите особености кои ќе ги забележите во серијата на практични карактеристики кои секој може да си ги приушти.

Combo Tour Cosmo го покажува она најдоброто во Combo. Добра комбинација на луксузни особености и Combo флексибилност и цврстина, со него секаде ќе се чувствувате како дома.

Combo Tour Sport значи многу повеќе од физичка вежба- тоа е состојба на умот. Combo Sport дава возбудливост на вашиот живот како домаќин на посебни карактеристики кои го прават да се издвојува јасно од сите останати.

Combo Tour Arizona го оживува духот на широко отворени простори. Стил кој не занемува и поголемото растојание над земјата го прави овој Combo да се одвојува од сите останати.

 

Мотори

Без разлика дали ќе се одлучите за бензински или дизел мотори, Combo ви нуди ненадминлива комбинација на економичност во потрошувачката на гориво, издржливост и истрајност при возење. 1.3 CDTI 55 kW дизел верзијата (достапна со дизел филтер за прочистување на честичките за да ги задоволи Еuro 4 стандардите за испуштање издувни гасови) со променливо директно вбризгување на горивото ја обединува дополнителната ефикасност на common rail технологијата. 1.7 CDTI дизел верзијата е идеална за оператори што го ценат огромниот багажен капацитет и придаваат голема важност на перформансите на динамичко возење- исто така ги задоволуваат Еuro 4 стандардите. Combo, исто така, сега е достапен со најсовремениот 1.6 CNG (компресиран природен гас) мотор за да ги задоволи вашите специфични потреби. Сите мотори се опремени со рачен пренос со 5 брзини, додека Easytronic® трансмисијата е достапна како дел од дополнителната опрема за 1.3 CDTI 55 kW дизел моторот.