Унапредете го вашето работење
Со помош на Opel-овата линија во Европа и Vauxhall марката во Обединетото Кралство, како и Saab Automobile AB во Шведска, Opel Europe е корпорациска транспортна мрежа креирана да ги задоволи вашите потреби.
Од луксузниот Signum Cosmo, преку Astra или Vectra, па се до Corsa Combo - ние нудиме возила со кои може да го унапредите вашето работење.
Повеќе од само вистински возила за вашето работење, Opel нуди водечка технологија за безбедност и вредност за вашиот буџет. Opel-овиот SAFETEC концепт значи дека се води грижа за највредните средства на вашата компанија. Исто така патничките автомобили и лесните комерцијални возила на Opel се познати поради ниските трошоци за одржување. Ние се грижиме како за вашето физичко така и за вашето финансиско здравје.
Продажните операции на Opel покриваат 30 земји преку 7.300 дилери на автомобили и лесни комерцијални возила. Opel Europe има исклучителна мрежа, креирана да ја води вашата компанија низ процесот на набавка и после продавањето. Opel дилерите имаат техничка обука како и инвентар на делови за да ги задоволат сите потреби на вашиот возен парк.
Филозофијата за достапност на Opel се движи преку 16 погони за производство и склопување во 10 земји. Главните операции за производтсво и склопување се лоцирани во Германија, Обединетото Кралство, Белгија, Шпанија, Полска, Австрија, Португалија, Турција како и во Шведска со Saab.
Ви благодариме што размислувате за Opel, со нетрпение ја очекуваме соработката со вас за сите ваши транспортни потреби.