Вашата нова Opel гаранција

1. Opel ви гарантира дека во случај на дефект на вашиот автомобил од меделната 2003 година, материјалот и работната рака ќе бидат бесплатни во период од 24 месеци (од денот на испорака или првата регистрација на возилото, во зависност од тоа која дата е прва)
2. Со ова се гарантира дека поправката и замената на делови на вашиот нов автомобил нема да биде наплатена во рамките на овој временски период од страна на дилерот на Opel. Заменетите делови остануваат во сопственост на Opel.
3. Што се ви е потребно да ви се изврши поправка со гаранција? Треба да поднесете барање до дилерот на Opel заедно со вашиот сервисен лист кој содржи Гаранција за новиот автомобил и Opel International Service
Certificate (меѓународен сертификат за сервис на Opel) (пополнет и потпишан од Opel дилерот кај кој е поднесено барањето)
4. Оваа гаранција не важи за вообичаеното трошење
5. Оваа гаранција нема да важи во случај на:
а. Надворешни механички или хемиски влијанија
б. Неправилно ракување со возилото
в. Во случај кога сопственикот е свесен дека возилото е сервисирано и поправано од трета страна
г. Во случај да се инсталирани делови или направени измени кои не се одобрени од Opel.
д. Во случај сопственикот да не се придржувал на упатствата на Opel или да не се извршени прегледи кои се наведени во сервисната книга
ѓ. Во случај доколку сопственикот на возилото не го пријавил веднаш дефектот кој бил ошигледен за време на испораката на возилото или веднаш штом станал очигледен како шт е прецизирано во член 3.
6. Сите гарантни барања истекуваат на крајот од пеиодот од 24 месеци како што е прецизирано во член 1. Дефектите кои се пријавени а не се поправени во текот на гарантниот рок ќе важат и понатаму се додека не бидат отстранети.
7. Оваа гаранција не влијае на барањата против Opel дилерот - испорачателот.