Antara
Опис
ОТКРИЈТЕ ЈА ...
… Antara.
Истражете го градот. Opel Antara претставува комбинација на моќен и добар изглед со удобна и разновидна внатрешност. Може да одите секаде со целосна доверба и стил.
Откријте ја синтезата на храбар и динамичен дизајн, генијална разновидност и возбудливо возачко искуство. Откријте го Opel.
ИСТРАЖЕТЕ...
… го вашиот ентузијазам за креативност.
Цврсти линии, грациозни облини и совршени пропорции - Opel Antara има најинспиративен стил во градот. Добрата, динамична каросерија, моќната основа даваат совршена мешавина на стилови што се надополнуваат.
Бидете инспирирани од вашата Opel Antara – секогаш кога сакате да возите.
ИСТРАЖЕТЕ...
… го вашиот апетит за независност.
Каде и да одите, секогаш одете по вашиот пат. Бидете различни, но секогаш со исклучително чувство. Токму како Opel Antara, вашиот совршен сопатник.
ИСТРАЖЕТЕ …
… ја вашата страст за фините работи во животот.
Почестете се со извонредниот комфор на Opel Antara. Висококвалитетните материјали и изработка се комбинирани во возбудливо привлечна внатрешност. Местото зад управувачот на Opel Antara е најдоброто место.
Толку различно, колку што само би посакале.
Максимална флексибилност внатре, голем број можности однадвор. И сè што не го собира во разновидната внатрешност, со сигурност може да се постави на покривот или во приколка.
ИСТРАЖЕТЕ...
… ја вашата способност да бидете водач на групата.
Сакате да бидете бунтовни, но секогаш со стил. Моќните мотори на Opel Antara и напредниот погон на сите тркала ви овозможува да ја откриете вистинската слобода.
Тргнете по патот, по кој мислите да одите.
Уживајте во најдоброто од двата света. Патниците може да возат и да управуваат со контролирана мајсторија при тешки услови за возење.
Напредниот погон на сите тркала на Opel Antara, со стандардните ESP®, ви гарантира совршено возење во сите ситуации.
Електронски системи на возење
Новата Opel Antara ги користи високо развиените електронски системи на подршка при возењето со цел да ја зголеми активната безбедност.