Astra Classic 2
Опис
Класик по име, класика во стилот.
Опусот на Astra Classic II е сé она што еден возач би посакал од еден модерен и компактен автомобил. Изберете hatch со 5 врати, седан со 4 врати или караван. Како и да е, ќе имате автомобил кој пружа фантастичен изглед, квалитетна техника, врвен комфорт и возбудливи перформанси. Со својот динамичен карактер, Classic II е автомобил кој е класика во секоја смисла на зборот.
Тргнете релаксирани, пристигнете освежени.
Внатрешноста на Classic II ви пружа чувство на благосостојба. Возачот и патниците се чувствуваат размазени во внимателно уредениот простор и примамливите седишта. А со клима уредот, плус електронската клима, ќе патувате релаксирани, дури и на најдолгите патувања.
Сензационална надворешност, сензуална внатрешност.
Интелегентниот дизајн на кабината е очигледен во моментот кога ќе ги ставите рацете на кожниот волан. Ќе доживеете моментална присност со автомобилот. Ќе почувствувате дека сé е на место – извонредната поставеност на возачот, умната ергономичност и непогрешливото чувство на комфорт и безбедност. А највеќе од сé, ќе почувствувате природен нагон да го возите овој инспирирачки автомобил.
Око за детали, вкус за возбуда.
Classic II е посебен по тоа што е полн со пријатни изненадувања. Нуди широкограда стандардна опрема, како на пр. ABS, и полн е со опрема која го прави возењето постимулативно.