Нова Astra
Опис
Светла,камера – и акција!
Ви ја претставуваме новата Opel Astra. Згодна, со атлетска каросерија и вистински забавен карактер. Сосема нова ѕвезда на автомобилското небо.
Вистински изведувач.
Кога акцијата ќе започне, беспрекорното владеење на Opel Astra станува јасно. Прецизно балансираната шасија со сите возни компоненти овозможува вистински моќни перформанси.
Укради ја сцената.
Новата Opel Astra има се за стане лесно забележлива. Нејзината површина, се чини дека секогаш ја привлекува светлината и восхитувачки блесок ја следи во секое нејзино движење.
Квалитетот на ѕвездите доаѓа од внатре.
Квалитетот е видлив и вистински. Заоблени линии во кабината и најмали детали на површината.
Специјални ефекти во секоја сцена.
Новата Opel Astra е достапна со цела линија на софистицирана технологија како врвно уметничко дело, што и овозможува да го претвори секое патување во безбедно и без стрес. Постои и опција да се подеси секое возење за да одовара на Вашето расположение.
Режирано од свеста за околината.
Да се сподели светот значи да се сподели одговорноста за тоа. Opel активно работи за да ја намали емисијата на штетни гасови на секој сегашен модел како и на сите нови модели. Дополнително, Opel има создадено семејство на автомобили кои што штедат енергија, под заедничко име ecoFLEX. Во блиска иднина новата Opel Astra exoFLEX ќе биде дополнување на ова семејство.
Инвестирање во твојата безбедност.
Новата Opel Astra не е само опремена со активни безбедносни системи налик на уметничко дело, но исто така ги заштитува нејзините сопственици со примерни пасивни безбедносни технологии.
Сé си има свое место.
Новата Opel Astra овозможува опции за складирање кои се бројни,практични и генијални. Новата Opel Astra обезбедува простор за складирање на дофат на возачот и патниците.