Astra TwinTop
Опрема
Сензор за дожд и внатрешен ретровизор што автоматски се наведнува.
Сензорот за дожд на основата на внатрешниот ретровизор автоматски ги активира бришачите, во зависност од јачината на дождот. Внатрешниот сензор чувствителен на светлина, автоматски се наведнува кога се вклучуваат светла позади вас.
SportSwitch
Достапна со IDS® Sport шасија и IDS®Plus. Тоа дава дополнителен спортски жар со чувствително и поуредно управување. Тоа ви дава чувство како да имате два автомобили во еден.
Систем за отпуштање на педалите (PRS)
Патентираниот систем на Opel е дизајниран да ги отпушти педалите на кумплунгот и сопирачките под сила на надворешен удар, намалувајќи го ризикот од повреди на стапалото и ногата.
Приспособлива висина на системот за управување
Моќниот систем за управување е закосен и телескопски приспособлив за да овозможи идеална позиција за возење.
Управувач со далечински аудио контроли
Заради зголемена удобност и безбедност, понудата на инфозабава и комуникации може да се контролира без да се тргнат рацете од управувачот или погледот од патот.
Системи за ограничување
Крутата безбедносна ќелија е надополнета со предни воздушни перничиња со полна големина и предни странични воздушни перничиња, претензионери за каишите на предните седишта и ограничувачи на силата. Достапни се активни ограничувачи за главата на предните седишта
Активен заштитен систем при превртување
Системот се активира со сензор и испушта два цврсти алуминиумски обрачи, во случај да постои опасност од превртување на автомобилот. Процесот се одвива во дел од секунда и обрачите веднаш се заклучуваат во позиција.
Биксенонско приспособливо предно осветлување (AFL)
Со реагирање на вашата брзина и управувањето, Приспособливото предно осветлување го прави ноќното возење побезбедно и поопуштено преку дополнително осветлување во кривина (изборно).
IDS(r)Plus
Astra TwinTop обезбедува врвно возачко искуство што се должи на IDS®Plus, вклучувајќи постојана контрола на амортизацијата (CDC). Системот вклучува група сензори, коишто се интегрирани во шасијата, управувачот и амортизерите на автомобилот, коишто ги мерат промените во динамиката на возилото и автоматски ги приспособува стапките на амортизација на сите четири тркала - во реално време. Главните придобивки вклучуваат најдобро однесување во кривина во класата, поостро управување и зголемена удобност, со намалено наведнување на каросеријата. Возачот може да избере спортски режим преку активирање на копчето Sport на контролната табла. Тоа овозможува посигурно и поагилно возење.
Преносен систем со 6 брзини
Поголемо возачко уживање, помала потрошувачка: 1.6 Turbo, 2.0 Turbo, и 1.9 CDTI сите доаѓаат со преносен систем со 6 брзини.
Грејачи за седиштата
Стандардна верзија со кожа, предните седишта имаат три грејачи, коишто се регулираат со контролите на централната конзола.
Контрола за автоматско осветлување (ALC)
При дневно возење, специјалните сензори му овозможуваат на автомобилот да се приспособи кон нивото на осветленост на патот напред и автоматски го активира светлото доколку е потребно. Системот прави разлика меѓу тунели и мостови.
Голем простор за седење и багаж
Главната предност на иновативниот дизајн на покривот е што Astra TwinTop има капацитет за четири патници, со доволно простор за нивниот багаж и можност за поставување на долги предмети.
Покривен систем
3-делниот метален покрив е во совршена хармонија со целосниот дизајн, уредно се собира во багажникот, но сепак остава доволен простор за багаж. Може да се отвори и затвори во возење при најголема брзина од 30 км/ч. Исто така, има можност за далечинско управување со клуч