Corsa
Опис
ОТКРИЈТЕ ЈА OPEL CORSA.
Вратете ја забавата во возењето. Opel Corsa има одличен изглед, моќни мотори и генијална изведба. Ајде! Што чекате?
Ве чека забава надвор. Откријте ја синтезата на храбар и динамичен дизајн, генијална разновидност и возбудливо возачко искуство. Откријте го Opel.
АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ
Без оглед каде одите или што правите. Со вашата Opel Corsa и вистинските луѓе, животот навистина може да биде забава!
Интелигентна и сигурна безбедност.
Сеопфатните активни и пасивни системи за безбедност на Opel Corsa се паметно синхронизирани со цел да се осигури максимална заштита и задоволство во возењето. Со други зборови, опуштете се! Забавувајте се. Вие сте во сигурни раце.
АЈДЕ … ДА ДОПИРАМЕ
Вистинско место. Вистинско време. Вистинска атмосфера. Дали верувате во љубов на прв поглед? Ние да!
Изразете се стилски со OPC линијата.
Наменски дизајнирани и наменски направени за Opel Corsa, додаваат динамичен израз и спортска личност. Достапни се како изборен фабрички пакет или како дополнителна опрема што може да ја постави вашиот продавач на Opel.
Сакате да го креирате сопствениот стил?
АЈДЕ!
Комфор како дома.
Иновативната палета на опрема за Opel Corsa ви овозможува да го контролирате просторот, да креирате ваша лична кабина ... и да ја одржувате таква! Затоа, каде и да возите, ќе се чувствувате како дома.
АЈДЕ ДА ИГРАМЕ
Какви и да се вашите интереси, единствениот систем Flex-Fix® на Opel Corsa ве носи на местото на акција.
Паметните идеи го олеснуваат животот.
Најверојатно ќе поминувате доста време со вашата Opel Corsa, затоа ние поминавме доста време за да дојдеме до овие извонредни и едноставни идеи што ќе ви помогнат да уживате во секоја минута.
ПОЧИТ ЗА НАШИОТ СВЕТ
Сите живееме во еден свет и затоа сите имаме обврска да се грижиме за него.
Во Opel, не само што ја намаливме емисијата на стакленички гасови, со постојано подобрување на постоечките модели, туку работиме и на цел опсег на почисти и поефикасни алтернативни извори на енергија. Во моментот, на пример, насочени сме кон постигнување на нула емисии со напредната технологија за горивни елементи. Но, всушност, нашата заложба за зачувување и заштита на животната средина оди подалеку, ние драстично го намаливме загадувањето при производство и обезбедување пристапни центри за враќање на автомобили ширум Европа. На тој начин, ние покажуваме почит во секоја фаза од животниот век на автомобилот.
Бидејќи вашиот свет е и наш свет.