Corsa

Опис

Opel ги прославува првите 111 години.

После 111 години и преку 60 милиони автомобили, името на Opel стана синоним за возбудлив дизајн, иновативна сестраност, безбедност и задоволство при возењето, достапно за секој. Сега можете да се приклучите на прославата со специјалната Opel Corsa Enjoy 111 години модел.

 

C’MON! ШТО ЧЕКАШ?

Возете и забавувајте се истовремено. Opel Corsa има одличен изглед, одушевувачки мотори и генијално инжинерство.Навистина многу забава. Со Opel Corsa синтезата на јасен, динамичен дизајн, генијална подвижност и неверојатно возачко искуство, секогаш ќе бидете први во линијата.

 

АЈДЕ ДА ВОЗИМЕ
Без оглед каде одите или што правите. Со вашата Opel Corsa и вистинските луѓе, животот навистина може да биде забава!

Нова димензија на забава во возењето.
Добро, ние можеме да ви кажеме дека шасијата на Opel Corsa е комплетно редизајнирана за да обезбеди неверојатно возачко искуство без да го наруши комфорот во возењето. Но, би било многу поубаво да открите колку е забавно возењето доколку вие ја пробате!

Интелигентна и сигурна безбедност.
Сеопфатните активни и пасивни системи за безбедност на Opel Corsa се паметно синхронизирани со цел да се осигури максимална заштита и задоволство во возењето. Со други зборови, опуштете се! Забавувајте се. Вие сте во сигурни раце.

 

АЈДЕ … ДА ДОПИРАМЕ
Вистинско место. Вистинско време. Вистинска атмосфера. Дали верувате во љубов на прв поглед? Ние да!

Изразете се стилски со OPC линијата.
Наменски дизајнирани и наменски направени за Opel Corsa, додаваат динамичен израз и спортска личност. Достапни се како изборен фабрички пакет или како дополнителна опрема што може да ја постави вашиот продавач на Opel.

 

Сакате да го креирате сопствениот стил?
АЈДЕ!

Комфор како дома.
Иновативната палета на опрема за Opel Corsa ви овозможува да го контролирате просторот, да креирате ваша лична кабина ... и да ја одржувате таква! Затоа, каде и да возите, ќе се чувствувате како дома.

 

ПОЧИТ ЗА НАШИОТ СВЕТ
Сите живееме во еден свет и затоа сите имаме обврска да се грижиме за него.

Во Opel, не само што ја намаливме емисијата на стакленички гасови, со постојано подобрување на постоечките модели, туку работиме и на цел опсег на почисти и поефикасни алтернативни извори на енергија. Во моментот, на пример, насочени сме кон постигнување на нула емисии со напредната технологија за горивни елементи. Но, всушност, нашата заложба за зачувување и заштита на животната средина оди подалеку, ние драстично го намаливме загадувањето при производство и обезбедување пристапни центри за враќање на автомобили ширум Европа. На тој начин, ние покажуваме почит во секоја фаза од животниот век на автомобилот.

Бидејќи вашиот свет е и наш свет.