Corsa
Опрема
ecoFLEX на Opel Corsa.
Забавата во возењето на еден автомобил не треба да биде во никој случај на штета на земјата. Имајќи го тоа предвид, инженерите на Opel создадоа високо економичен автомобил со ефикасна потрошувачка на гориво и намалени емисии на CO2 до значителни 105 г/км. Со оптимизирање на калибрирањето на моторот 1.3 CDTI од 55 kW (75 кс), поставувањето на подолг погон, спуштањето на каросеријата за 20 мм заради подобрување на аеродинамиката и користењето на гуми со намален отпор при вртење, се задржуваат добрите перформанси. ecoFLEX на новата Opel Corsa е достапен за Essentia или Enjoy со 3 врати.
Понатаму, има и еколошки пакет 1.3 CDTI ECOTEC® со емисија на CO2 од само 119 г/км, којшто може да се нарача за Essentia или Enjoy со 5 врати.
Флексибилен интегриран багажен систем (Flex-Fix®).
Прво околу светот! Секогаш тука, но невидлива кога не се користи, оваа иновативна одлика е скриена со задниот браник. Може да се постават два велосипеди, многу брзо и едноставно, благодарение на малата тежина.
Панорамски сончев покрив.
Со овој екстра широк и електронски стаклен сончев покрив создава убаво чувство на отворен простор. Со паметно дизајнираната аеродинамика, вклучувајќи го и вградениот дефлектор и двокоморната изолација на бучава.
Пилот за паркирање.
Пилотот за паркирање се активира автоматски со ставање на менувачот во рикверц и се огласува со звучно предупредување за многу ниските објекти што не се во видното поле на возачот.
Загреан управувач и загреани седишта.
Единствено во оваа класа е достапноста на одликата за загревање на управувачот, за топли раце при ладно време. Придобивка за возачот и совозачот се и загреаните седишта.
Халогено приспособливо предно осветлување (AFL).
Видливоста при ноќно возење е драматично подобрена со овој иновативен систем за безбедно и опуштено возење.
Систем со воздушни перничиња.
Двојните предни воздушни перничиња (за возачот и совозачот) обезбедуваат извонредна пасивна заштита. Тие може да бидат надополнети со изборни странични воздушни перничиња и воздушни перничиња за главата (завеса) за оптимална заштита (стандардна опрема за Cosmo, GSi и OPC).
Осветлување од врата до врата.
Можност да гледате во темнината по паркирањето на вашата нова Opel Corsa. Активирајте ја одликата пред да ги заклучите вратите и предните и задните светла ќе бидат вклучени уште 30 секунди.
Електрично управување (EPS).
Електронското управување чувствително на брзина ви обезбедува максимална помош при паркирање и осигурува добар контакт со патот и прецизност во управувањето при поголеми брзини.
Сензори за дожд и светло.
Автоматско активирање на бришачите на ветробранското стакло по потреба, заедно со автоматско затемнување на електрохроматскиот внатрешен ретровизор и автоматско активирање на предните светла кога условите тоа го наметнуваат.
Електронска контрола на климата (ECC).
Користење на патентираната предвидлива/приспособлива стратегија за контрола, овој единствен систем на Opel ви овозможува стабилна внатрешна клима при различни надворешни услови.
Контрола на возењето.
Овозможува постојана брзина на подолги релации заради поопуштено и поекономично возење. Приспособување на брзината на допир (притискање на копчето нагоре/надолу) заради приспособување кон преовладувачките сообраќајни услови.
Осветлени контроли.
Софистицирани, но едноставни контроли за радио, клима и осветлување на централната табла, со суптилно заднинско светло заради подобрување на видливоста на кабината навечер.
Дополнителни приклучоци (aux-in).
Овозможува поврзување на сите мобилни уреди со приклучок за слушалки, на пример, MP3-плеер и iPod®. Стандардната опрема вклучува CD 30 MP3 и CD 60 Navi.
Електронска програма за стабилност (ESP®Plus).
Контролираната употреба на сопирачките на сите четири тркала се применува дури и при екстремно управување (како што се ненадејни маневри за избегнување на незгода) заради одржување на целосна контрола.
Приспособливо стоп-светло.
При брзина над 30 км/ч, со употреба на ABS, стоп-светлото трепка пет пати во секунда заради предупредување на возилата зад вас.
Easytronic®.
Ефикасен и едноставен за употреба, Easytronic® ги комбинира предностите на рачниот менувач со 5 брзини со едноставноста на автоматскиот пренос. Со ActiveSelect® на Opel, се овозможува функцијата за спортско менување на преносот без менувач, само на допир.
Задна полица за предмети.
Задната полица за предмети може да се отстрани за да се обезбеди можност за носивост на поголем товар. Полицата може уредно да се стави зад задните седишта.
Под за поставување товар на две нивоа.
Под што може да се приспособува, поставува или уредува на две нивоа, со што се овозможува хоризонтална поделба на багажникот.
Вграден компјутер.
Ги следи важните податоци за потрошувачката и патувањето. Податоците може да се читаат на таблата со инструменти, на графичкиот екран за информации или екранот за информации во боја (во зависност од избраната опрема).
Детски седишта.
Opel нуди неколку детски седишта за сите возрасти. Сите може да се прицврстат со ISOFIX (вклучувајќи Top Tether Kit) и/или со стандардниот безбедносен појас во возилото со три точки. Сите седишта се во согласност со стандардите за безбедност на ЕУ, вклучувајќи ја и стандардната заштита од удар.
Ролетни за приватност.
Наменски направени за задните странични прозори и прозорот на задната врата.
Алуминиумски основен носач.
Цврстиот и безбеден основен носач на покривот може да се заклучува и едноставно се монтира. Овозможува поставување на цела палета на елементи од покривниот систем за носење на Opel, како што се носачи за покрив, носачи за скии или велосипед.
Носачи за покрив.
Има избор од 4 вида. Големината се движи од 1.330 x 860 x 370 мм до 1.960 x 780 x 440 мм. За да може да се монтира потребен е основен носач на покривот.
Изразете се стилски со OPC Line.
Наменски дизајнирани и наменски направени за Opel Corsa, додаваат динамичен израз и спортска персоналност.
Достапни се како фабрички пакет или како дополнителна опрема што може да ја постави вашиот продавач на Opel.