Insignia

Опис

Откријте ја Opel Insignia

Откријте ја синтезата на храбар и динамичен дизајн, интуитивна ергономија и возбудливо возачко искуство. Откријте го автомобилот што размислува однапред.

Потврда за намерата

Дизајнот има можност да го трансформира возачкото искуство. Opel Insignia е моќна, елегантна и со облини. Непобитен израз на целосност.

Insignia

Коефициент на естетика

Дизајнот има повеќе димензии, отколку што може да се видат со човечкото око. Opel Insignia e дизајнирана со холистичка целосност, толку детална што дури и компонентите за суспензија се аеродинамички оптимизирани. Тоа придонесува за остварување на еден од најниските коефициенти на отпор во класата.

Позиција на авторитет

Подобрена ергономска функционалност, со јасно и логично презентирани информации. Ништо не е превидено.

Insignia

Внимание на деталите

Способноста и префинетоста што се вложени во Opel Insignia се очигледни во секој детаљ од внатрешноста.

Задоволство од прецизност

Opel Insignia е жив доказ дека прецизното управување ги проширува параметрите за возење, коишто истовремено може да бидат забавни и безбедни, благодарение на FlexRide шасија и интелигентниот приспособлив систем 4x4.

Insignia

Прашање на избор

Новата Opel Insignia е достапна со четири врати, пет врати или Sports Tourer и во сите четири верзии: Insignia, Edition, Sport и Cosmo. Секоја од нив е внимателно обликувана за да се создаде посебен амбиент, во исто време споделувајќи ја суштинската филозофија на Opel Insignia.

Заложба за иднината

Споделувањето на светот значи и споделување на обврската за него. Opel активно работи на намалување на стакленичките гасови со постојано подобрување на постојните и новите модели. Се развиваат почисти, поефикасни алтернативни извори на енергија, вклучувајќи ја и напредната технологија на горивни елементи што води до нула емисии. Заложбата за зачувување и заштита на животната средина вклучува и драстично намалување на загадувањето при производство и обезбедување пристапни центри за враќање ширум Европа. Заложба што ја опфаќа секоја фаза од животниот век на автомобилот.

Insignia