Insignia
Опрема
Приспособливо предно осветлување (AFL)
Ноќното возење секогаш имало потенцијал да предизвика стрес. Напредниот систем за AFL на Opel Insignia, автоматски избира една од деветте различни функции на осветлување, секоја дизајнирана за да обезбеди оптимално осветлување во секоја ситуација на возење, без попречување на другите возачи. Резултат: помалку стрес, поголема безбедност.
FlexRide (приспособлива технологија за стабилност)
FlexRide нуди три различни режими на возење: изберете „Sport“ за поголема реакција при возењето со покрута амортизација или „Tour“ за опуштено патување. „Normal“ е стандарден режим. Во екстремни ситуации FlexRide, автоматски ја приспособува амортизацијата за да обезбеди максимална безбедност и контрола во секој режим на возење.
Приспособлива 4x4 технологија
Извонредното однесување на Opel Insignia на патот е дополнително подобрено со погонот на сите тркала. Во Opel Insignia, вртежниот момент автоматски се распоредува не само меѓу предната и задната оска, туку и меѓу левото и десното задно тркало, обезбедувајќи максимално влечење, стабилност и извонредна динамика при возење.
Opel Eye
Opel Eye во Opel Insignia е специјализирана камера што ги чита и помни ограничувањата на брзината и знаците за забрана за претекнување. Системот укажува на детектираниот знак на централниот екран. Исто така, го предупредува возачот при ненамерно излегување од сообраќајната лента.
ECC-екран
Секогаш понесете го најдоброто време со вас. Во Opel Insignia и тоа е можно. Едноставниот екран со мени им овозможува на возачот и совозачот да ги изберат посакуваните поставки за климата, со едноставно следење на иконите.
Ергономски спортски седишта
Дали сте удобно седнати? Доколку не, вашата положба може да има лошо влијание на возењето. Ортопедските спортски седишта на Opel Insignia се приспособуваат во 8 насоки и нудат поддршка на рбетот во 4 насоки. Исто така, приспособливото продолжено перниче на седиштето поддршка за одмор на нозете.
Top Tec
Нанотехнологија за посвежа и почиста внатрешност. Специјалните навлаки се отпорни на флеки и вода, без притоа да се доведе во прашање карактеристиката за „дишење“ на материјалите.
Портал за комуникации
Без оглед дали примате информации за сообраќајот, динамични насоки за навигација, пристапувате до саканата радио-станица или вашиот iPod®, интегрираниот систем за инфозабава во новата Opel Insignia, е практичен за употреба колку и убав на изглед.
Контролата со вртење и притискање го поедноставува користењето на системот за навигација или изборот од достапните менија. Едноставно изберете го менито, потоа вртете за да лизгате и притиснете за да изберете.
Звучен систем Infinity
За апсолутно извонреден звук, Opel Insignia нуди и опција за исклучителен звучен систем Infinity. Системот вклучува директни канали од 7 x 45 со 9 извонредни звучници. Звучниот сигнал се дигитализира за да биде подесен со дигитална обработка на звукот (DSP), заради прецизна звучна реакција. Разликата за вас е, подобра репродукција на звукот при секакви услови на возење.
Појасна навигација
Високо поставениот екран за навигација овозможува извонредна јасност во видното поле на возачот. Се вклопува во возачката табла за да се избегне директна сончева светлина.
Портал за мобилен телефон
Одлучете помеѓу Bluetooth™ или интегриран систем со постамент за телефонот и полнење на батеријата. Сите поважни функции на телефонот се регулираат од управувачот, таблата или гласовно.
OPC Line Pack
Посебна како вас.
Стилските делови за вашата Opel Insignia се достапни како фабрички пакет или како дополнителна опрема што може да ја постави вашиот продавач на Opel.
• OPC Line предно ниско крило
• OPC Line задно ниско крило
• OPC Line странични прагови
• OPC Line заден спојлер (не за Sports Tourer)
• Видлив ауспух (не за 1.6 и 2.0 CDTI [110 кс], поединечен за 1.8, 2.0 CDTI [130 кс и 160 кс], двоен за сите други мотори)