Meriva
Опрема
Opel Meriva ecoFLEX
Со емисија на CO2 од само 134 г/км и комбинирана потрошувачка од 5,0 l/100 км, Opel Meriva ecoFLEX со 1.3 CDTI мотор е најеколошкиот и најекономичен начин да се ужива во Opel Meriva.
Air conditioning
Посебните слушалки и сетови за контрола значат дека патниците од позади можат да слушаат каква сакаат музика.
Cruise control
Оваа умна кутија, полна со трикови, може да биде: кутија за CD, наслон за рака или кутија за чување. Може дури и да се носи на пикник.
Пакет за удобност
Изборниот пакет за удобност, ги задоволува потребите за дополнително складирање, обезбедува дополнителни делови за складирање под предните седишта на патниците и во багажниот простор.
Спуштање на предните патнички седишта
Опционалниот систем овозможува спуштање напред на предните седишта за товарење на екстра долги предмети.
Осветлена фиока.
Веднаш можете да ги најдете оставените предмети, дури и во темница, благодарение на фиоката која свети кога ќе ја отворите.
Греење на предните седишта
Со едено притискање на копче за кратко време ќе уживате во пријатните топли седишта. Вистинска работа за ладните зимски денови.
Асистент при патување.
Кога централното задно седиште е спуштено надолу, овој мултифункционален асистент при патувањето делува како потпирач за раце, а истовремено ви дава и 6 литри простор за багаж, кој вклучува кутија за ладње и два држачи за чаши/шишиња.
Twin Audio®
Стилските стерео слушалки овозможуваат патниците позади да имаат пристап до аудио системот на возилото, додека патниците напред слушаат друго радио или ЦД.
Навигација
Сателитските навигациони системи на Opel се нашироко признаени поради нивната едноставна употреба и сеопфатно ниво на информирање. Навигациските системи со единици за CD- или DVD-ROM обезбедуваат најнови информации за патните крстосници итн., и се прикажуваат или на Графички информативен екран (GID) или на Информативен екран во боја (CID). На GID се прикажува динамичка навигација (предупредување за блокиран сообраќај и автоматско прикажување на нова рута), телефон и меморија за 20 дестинации. На CID се прикажуваат истите карактеристики како и кај GID, но има дополнителна мапа во боја и/или водич со стрелки, пиктограмски приказ и поделен екран. DVD-ROM се ажурира во редовни интервали и содржи карти на повеќе од 20 европски земји. За CD-ROM системот истите информации се чуваат на повеќе ЦД-иња.
Контрола на управувачот.
Како дополнување на удобноста и контролата, управувачот може да вклучува мулти функциска контрола за инфо-забава системот. Радио, CD, MP3 плеер, телефон и систем за навигација, сето тоа може да се контролира без никаков проблем од управувачот.
On-board компјутер
Постојано обезбедува податоци како, потрошувачка на гориво, информации за проверка, растојание до испразнување на горивото и просечна брзина.
Помошни приклочоци (aux-in)
Овозможува поврзување на сите мобилни уреди со излез за слушалки, на пример MP3-плеер и iPod®.
Приспособлив столб на управувачот
Висината на столбот на управувачот може да се приспособува за удобен дофат и на тој начин се овозможува соврешена удобност за време на возењето и безбедност.
ESP® и TC
Електронската програма за стабилност (ESP®) и Контролата на влечење (TC) ви помога да одржувате целосна контрола на лизгави површини или за време на вонредни услови. Ако возилото почне да се лизга, ESP® благо применува корективно сопирање на соодветното тркало за да ви помогне да ја повратите контролата. Вие тоа најверојатно нема ни да го забележите, но може да ви го спаси животот. Понатаму, контролата на влечење помага да се намали вртењето на тркалото при забрзувањето.
Воздушни перничиња
Секое возило Opel Meriva има стандардни воздушни перничиња за возачот и совозачот. Понатаму, по избор, може да се стават странични воздушни перничиња и воздушни завеси на предните седишта.
Халогено приспособливо предно осветлување (AFL)
По избор, Opel Meriva може да се опреми со приспособливо предно осветлување кое е водечко во класата, и кое се врти кон кривините за да го осветли правецот каде што треба да се движите. Понатаму, функцијата за вртење на светлото користи дополнителен рефлектор за осветлување поширока област од 90 степени во правец на патувањето при брзина под 40 km/h. На тој начин полесно е да се видат крстосниците, велосипедистите и пешаците навечер.
Осветлување од врата до врата и светло за „добредојде“
Притиснете го копчето за отклучување двапати, на клучот со далечински управувач и предните и задните светла, светлото кај регистерската табличка и внатрешните светла се вклучуваат 30 секунди, водејќи ве кон вашиот автомобил. Исто така, кога ќе се отвори вратата, сите инструменти и контроли се осветлуваат. Светлата се гасат автоматски кога се стартува автомобилот, или со повторно притискање на копчето за отклучување.
Масичка на задното седиште
Оваа масичка-послужавник кој се склопува има вграден држач за чаша, обезбедувајќи дополнителни погодности за патниците на задното седиште.
Детски седишта
Opel нуди неколку детски седишта за сите возрасти. Сите од нив може да се прицврстат со ISOFIX додаток (вклучувајќи Top Tether Kit) и/или со стандардниот безбедносен ремен на возилото со три точки. Сите седишта се во согласност со најновите стандарди за безбедност на ЕУ, вклучувајќи и заштита од страничен удар.
Ролетни за приватност
Тие се изработени по мерка за задното и за задните странични прозори, лесно се инсталираат, и може да останат монтирани и кога прозорите се отворени.
Носачи за покрив
Постојат четири видови од кои може да се избере. Димензиите се движат од 1.330 x 860 x 370 мм до 1.960 x 780 x 440 мм. Инсталирањето бара основен носач за покрив.
Мека постава во товарниот простор
Цврста, може да се пере, и лесна заштита за багажникот. Изработена по мерка и лесно се поставува со Velcro лепенки.