Vivaro Tour
Опис
Opel Vivaro Tour.
Стил и удобност на деловна класа.
Привлечните предни браници во боја на каросеријата и карактеристичните заштитни решетки на Opel сјаат од панорамскиот поглед преку застаклените врати и прецизните заоблени линии на каросеријата. Внатре, пространата, добро поставена кабина ќе исполни повеќе од вашите очекувања. Најмногу до 8 луѓе може да се сместат во луксузот на деловната класа со високо квалитетен материјал за тапацирање и подлога поставена од ѕид до ѕид на возилото. Моќното загревање и вентилација и изборниот дополнителен грејач од 5-kW се надополнува со клима уредот (преден и заден); како и големиот избор на аудио системи кои даваат гаранција дека сите патници ќе уживаат во добрата забава.
Возачот, исто така, е удобно сместен со приспособливиот столб на управувачот, серво управувачот, електричните прозорци и ретровизори и не помалку од 11 оддели за складирање.
И покрај внатрешната пространост, Vivaro Tour не одзема повеќе простор од еден семеен автомобил и со помалку од 2м височина се сместува во стандардните гаражи.
Поради ова е лесен за паркирање и маневрирање за да можете да бидете сигурни дека инвестицијата ви е безбедна.
• Најмногу до 8 седишта
• 1,2 м3 простор за складирање зад третиот ред седишта
• До 5,0 м3 простор за товарење со отстранување на 2-от и 3-от ред на седишта.
• Достапен е покривен транспортен систем
Opel Vivaro. Внатрешност и удобност.
Одлично место за деловно работење. Извонредно практичната и удобна кабина на Opel Vivaro ве носи секаде на време, до целта и на патот.
Opel Vivaro Combi.
Овој стилски патнички превозник нуди пријатно и удобно патување за најмногу 9 лица и нивниот багаж, со три реда седишта. Широката лизгачка врата и ниското скалило овозможува лесен пристап до светлата, просторна кабина, со стандарден целосен панорамски поглед кој нуди потполна видливост.
Звучната изолација и тапацирањето осигуруваат ниско ниво на бучава. Разновидноста на Opel Vivaro ќе ги задоволи сите барања – флексибилниот патнички и товарен капацитет осигурува оптимална функционалност и конфигурацијата на седиштата може да се менува без некои посебни алатки за само неколку минути.
Напред, седиштето со многу можности за приспособување го смирува возачот на комбето. Зад предните седишта има место за уште 6 патници плус корисен товарен простор ос 2,2 м3 во верзијата со долго меѓуоскино растојание. За лесен пристап до задните седишта, потпирачите за грб на надворешниот среден ред седишта може да се склопат нанапред. Доколку е потребно повеќе простор, седиштата од третиот ред може да се склопат или да се отстранат, со што се добива простор за багаж до 3,1 м3 (кај возилата со кратко меѓуоскино растојание) или до 4,1м3 (долго меѓуоскино растојание). Ако се отстранат седиштата од вториот ред се добива максимален товарен простор од 5,0м3 (кај возила со кратко меѓуоскино растојание) или 5,9м3 (кај возила со долго меѓуоскино растојание).
По избор може да се стави безбедносна мрежа зад предните седишта за да се заштитат патниците од лабаво прицврстените предмети во одделот за товар.
• 9 седишта
• Седиштата од 2-риот и 3-тиот ред може да се отстранат
• Товарен простор кој може да се менува
• Стандардно или долго меѓуоскино растојание
• Достапна е втора лизгачка врата
Opel Vivaro. Инфозабава.
Музика (или информации за сообраќајот, навигација или комуникација) додека возите. Без да ги тргнете рацете од воланот.
Opel Vivaro. Безбедност.
На автопат или тесни улички, при висока брзина или заглавени во сообраќајот, Opel Vivaro постојано се грижи за вас и вашиот товар.
Тоа е безбедност при работа.