Zafira

Опрема

Вмрежени контролни системи. Вмрежени контролни системи.

Со поврзување на сите функции за помош на возачот со IDS и IDS(r)Plus, Zafira нуди исклучителна контрола и безбедност.

6-брзински рачен пренос. 6-брзински рачен пренос.

Стандарден со сите дизел мотори и 2,0 Turbo и 2,2 DIRECT бензински мотори. Прецизен, едноставен за употреба, ги подобрува перформансите и економичноста.

1.6 CNG. 1.6 CNG.

Го сведува на максимум еколошкиот и економичниот потенцијал на Zafira. Наменски изработен, работи на компримиран природен гас. Со 69 kW (94 кс), опсег до 530 км и еднакво долги интервали на работа како и бензинската верзија на моторот.

Биксенонско приспособливо предно осветлување (AFL). Биксенонско приспособливо предно осветлување (AFL).

Приспособливото предно осветлување реагира на вашата брзина и управување и го прави ноќното возење побезбедно со дополнително осветлување на кривините.

Возење со издишани гуми. Возење со издишани гуми.

(вклучува одлика за следење на притисокот на гумите), и претставува дополнителна безбедносна одлика што ви овозможува да ја држите безбедноста под контрола во случај на брзо издишување на гумата. Исто така, овозможува да го завршите патувањето или да стигнете до сервис без менување на гума до поминати 80 км.

Отвори и тргни (Open & Start(r).) Отвори и тргни (Open & Start(r).)

Систем без клуч за отклучување и заклучување на вратите и багажникот. Откако ќе влезете внатре, возилото може да го запалите со притискање на копче.

Електронски клима уред (ECC). Електронски клима уред (ECC).

ECC обезбедува константна температура и вклучува сензор за сончева енергија и фиока за разладување. Доколку квалитетот на воздухот надвор падне под утврденото ниво, системот автоматски ја вклучува одликата за рециркулирање на воздухот.

Панорамски покрив. Панорамски покрив.

Единствен концепт што комбинира стил и функционалност. Четирите стаклени панели на покривот ја подобруваат осветленоста и проветреноста во внатрешноста, а може да се затворат со капаци со допир на копче. Меѓу панелите има интегрирана покривна конзола што вклучува 5 наменски оддели, коишто се идеални за складирање на очила за сонце, CD-а, книги и мапи итн.

Сензор за паркирање. Сензор за паркирање.

Предните и задните сензори активираат звучно предупредување за потенцијални опасности при паркирање. Системот може да се исклучи со притискање на копче.

Портал за мобилен телефон. Портал за мобилен телефон.

Zafira може да вклучува опрема за операцијата "за слободни раце" за повеќето мобилни телефони. Опремата вклучува универзална конзола со посебен адаптер за телефонот, Bluetooth(tm) и гласовна контрола.

Помошен приклучок (aux-in). Помошен приклучок (aux-in).

Овозможува поврзување на сите мобилни уреди со излез за слушалки, на пример MP3-плеер и iPod(r)

Навигација. Навигација.

Системот за читање CD или DVD има уред со поделен екран - на половина од екранот се појавува избраната маршрута во форма на мапа, додека на другата половина има ажурирани податоци за крстосници на патот, итн. во форма на симболи и показатели за оддалеченост.

2,0-литарски турбо мотор. 2,0-литарски турбо мотор.

Најбрзото моноволуменско возило во Европа. 2.0-литарски мотор со максимална моќност од 240 кс го забрзува спортското комби од нула до 100 км/ч за само 7,8 секунди и максимална брзина од 231 км/ч.

Носач за велосипед прицврстен на задната врата. Носач за велосипед прицврстен на задната врата.

Се прикачува на покривната шина. Најмногу 2 велосипеди може да се постават ергономски ниско на задната врата, којашто може да се отвора и со инсталираниот носач (без велосипеди). Можност за заклучување.

FlexOrganizer(r) FlexOrganizer(r)

системот со прегради, кутијата со алат и лентите се достапни одделно со цел да ги задоволат вашите потреби.

OPC-линија OPC-линија

Развиен од страна на посветените експерти од OPC-тимот му дава на вашиот Opel поспортски изглед.