
Повремените, неочекувани поправки се речиси неизбежни во текот на животот на еден автомобил, но не мора од тоа да се прави драма – благодарение на мрежата на сервисни центри на Opel со огромна подршка и по прифатливи цени.
Не треба многу за се уништи едно предно стакло – парче песок понекогаш може да предизвика голема штета. Но денес, благодарение на развојот на ламинираното стакло, поткршеното предно стакло не мора секогаш да се замени. Често може да се порави со специјална смола за дел од цената која би ја платиле за замена на целото стакло.
Во зависност од видот на штетата и колку е стара, може да се изврши ефективна поправка на повеќе места без да се замени предното стакло. Ќе добиете стручна поправка на стаклото по пристојни цени, од нашиот Opel овластен сервисер.
Вашиот Opel овластен сервисер ви нуди конкурентна квалитетна поправка која ја вршат комплетно обучени Opel техничари. Се е вклучено во цената (работна рака и материјали). Каква ќе биде цената зависи од видот на штетата, стаклото кое е оштетено и покритието за осигурување.
Белешка: Во повеќето случаи автомобилското осигурување ги покрива сите или дел од трошоците за поправка.
Одржете го вашиот Opel како нов со помош на стручните лица: вашиот овластен Opel сервисер ги има правилните алати и знаење за да го врати вашето возило на состојбата во која бил претходно со помош на најновата технологија и оригинални Opel делови.
Само со користење на оригинални Opel делови, вметнати од нашите квалификувани техничари можете да бидете сигурни дека гаранцијата за вашето возило е совршено зачувана, што ве прави смирени и ви нуди квалитетно сервисирање.
Вашиот овластен Opel сервисер може да ви понуди конкурентни цени за поправки како овие:
Без разлика колку го возите вашиот автомобил свесни сте дека со време некои делови се излитуваат и евентуално потребна е нивна замена. Но, бидете сигурни дека оригиналниот произведувач ги прави најдобрите заменски делови.
Opel Оригинални делови не само што се наоѓаат по атрактивни цени – туку и доаѓаат со двегодишна Opel гаранција (исклучувајќи го абењето и излитувањето).
Сликата може да прикажува додатна опрема.
