
Закажани инспекции, сезонски проверки, гуми, масло... вашиот Opel ќе работи глатко со помошта на стручните сервисни партнери на Opel.
Доаѓа зимата и време е да размислите дали автомобилот е прилагоден за најладното, највлажното и најтемното време од годината. Вашиот овластен Opel сервисер ви нуди серија на специјални проверки на вашето возило кои може да ви заштедат многу време и невољи на патот, во зима.
Зимските проверки се вршат на самото место кај овластените Оpel сервисери и се тестираат дали најважните функции на вашето возило се спремни да се справат со зимата:
Сигурноста е една од главните одлики на вашето Opel возило. Зачувајте ја со помошта на нашето стручно одржување и грижа.
Вашиот овластен Opel сервисер најдобро ја познава технологијата на вашето возило и е опремен со најновите алатки кои ќе ви овозможат високо квалитетна поправка по фер цени. Opel ви препорачува да посетите овластен сервисер барем еднаш годишно.
Инспекцијата ви овозможува да го обновите покритието за Opel Помош на патот. Opel Помош на патот ви нуди поткрепа во случај на дефект на автомобилот. Во него е вклучена помошта на патот, влечење, изнајмување на автомобил, хотелско сместување или транспорт со воз или авион - и е на располагање во секое време, во повеќе од 30 европски земји.
Редовните инспекции не само што го одржуваат вашиот Opel да работи правилно туку и редовенот сервис ја зголемува препродажната вредност на автомобилот.
Квалитетот на производот и редовната контрола се главните фактори кога станува збор за потребите од масло на вашиот автомобил. Редовната проверка на нивото на маслото е важна затоа што моторите лесно го согоруваат малото количество на масло. Особено е важно да се провери маслото пред долги патувања или помеѓу интервали на промена на маслото, затоа што напредната технологија ги прави таквите интервали подолги во однос на извозеното растојание.
Речиси сите нови Opel возила бараат промена на маслото по една година или изминати 30.000 km. Кај возилата со дизел филтери на честички или турбо бензински мотори кои се возат по неповолни услови, индикаторот може да сигнализира потреба за промена на масло порано.
Следниве масла се на располагање од Opel кај повеќето овластени сервисни центри на Opel и одредени продавачи (преку интернет):
Новото зелено масло за високи перформанси на Opel.
Моторното масло со ниско количество SAPs (мало количество на сулфур, пепел и фосфор) GM 5W-30 dexos2 е составено од патентирана мешавина на основно масло за високи перформанси и пионерски адитиви формулирани за целосна компатибилност со најновите Дизел филтери на честички (DPF's) и Банзинските каталитички конвертори (CAT's). 5W-30 dexos2 е дизајниран за да понуди одлична моќ на чистење, заштита од абење и севкупна заштита комбинирана со дополнителна заштеда на гориво.
Добивката од 5W-30 dexos2:
Перформанси на 5W-30 dexos2:
Примена на 5W-30 dexos2 од други марки:
5W-30 dexos2 е одобрен од следниве производители:
Примена на 5W-30 dexos2:
Создадено од уникатна комбинација на синтетизирани основни масла и пионерска технологија на адитиви, тоа е најдоброто моторно масло кое ги комбинира заштедата на горивото, зголемена долготрајност и намалена емисија на штетни гасови за најновите бензински и дизел мотори на патничките автомобили.
Ги исполнува спецификациите на GM-LL-A-025, GM-LL-B-025, SAE 5W-30, ACEA A3, B4, API SL/CF.
Добивки:
Примена:
Оригиналното GM моторно масло 5W-40 Supreme Plus е лубрикант со мало количество на SAP и високи перформанси, кое се користи во софистицираните дизел мотори. Тоа е специјално создадено за да обезбеди максимална заштита на филтерот на честички за време на долгите интервали на сервисирање.
Добивки:
Благодарение на својот извонреден квалитет Оригиналното GM моторно масло 5W-40 Supreme Plus ви нуди:
Одобрено од:
Примена и препорачано за користење со Opel возилата:
Високо квалитетно, повеќестепенско моторно масло од најновата генерација, особено дизајнирано за подмачкување на сите бензински и дизел мотори на патничките автомобили со 4-движења и повеќе вентили, со или без турбо.
Ги исполнива спецификациите на 10W-40, ACEA A3, B4, API SL/CF.
Добивки:
Примена:
Повеќестепено моторно масло формулирано од висококвалитетни основни масла и одбрани адитиви за подмачкување на бензинските и дизел моторите на патничките возила со турбо или без турбо полнење. Ги исполнува спецификациите на SAE 15W-40, ACEA A3, B3, API SL/CF.
Добивки:
Примена:
Mobil 1 0W-40 е создадено од сопствена мешавина од висококвалитетни синтетички масла засилени со технологијата Supersyn.
Различната вискознос на Mobil 1 0W-40 овозможува ненадминливи нивоа на заштита, заштеда на гориво и севкупно најглатко возачко искуство. Mobil 1 0W-40 го помага стартот на моторот дури и при екстремни арктички студови и ги чисти остатоците, талогот и облогата која често се создава при работа на моторот на високи температури.
Надминувајќи ги повеќето стандарди на глобалната индустрија и барањата на главните водечки производители е основата која го тера Mobil 1 0W-40 да работи добро откако конвенционалните масла ќе престанат со своето дејство.
Производот е ексклузивно на располагање во брендот Mobil 1. Mobil1 ви дава комбинација од масло со високи перформанси комбинирано со брендиран имиџ кој го нуди Mobil.
Одобрено од:
Примена:
Важна белешка:
За сите возила во согласност со распоредот на сервисирање и Сервисниот план. Погледнете во брошурата за сервис за понатамошни инструкции во врска со користењето и грижата на производи одобрени и определени од Opel.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
